Опаѓа бројот на хоспитализирани деца поради Ковид-19
8 февруари 2022Новиот сој Омикрон ги напаѓа најмладите, но повеќето од нив поминуваат со поблаги симптоми, се лекуваат дома и за нив е потребна хоспитализација. Ако на крајот на минатата година, дури 60 проценти од хоспитализираните деца имале потреба од кислородна поддршка, сега ситуацијата е драстично сменета.
„Од вкупно 24 деца коишто се лекуваат на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, во моментов само едно двегодишно дете е на кислородна поддршка“, вели директорот Бесник Заќири за ДВ.
Од хоспитализираните, 12 деца се на возраст до три години, а останатите се на возраст од 9 до 16 години. Најмалото беше коешто се лекувало на Институтот за белодробни заболувања имало само еден месец.
Тој очекува во наредниот период да опаѓа бројот на хоспитализирани деца поради Ковид-19. „Во споредба со ситуацијата пред Нова Година, сега имаме смирување на ситуацијата. Опаднат е и бројот на прегледи во амбулантите, каде доаѓаат и деца со симптоми на сезонски грип и настинки“, вели Беќири.
Според лекарите, повеќето заразени имаат благи симптоми и полесна клиничка слика. Ако минатата година голем број деца се лекуваа поради тешки пневмонии како последица на коронавирусот, сега повеќето имаат поблаги симптоми како температура и кашлица и најчесто се лекуваат во домашни услови. Во случај на дехидрираност, поради висока температура, и кога е потребен лекарски надзор, децата се задржуваат на лекување во болница.