Папата им ги изми нозете на тешки престапници
14 април 2017Папата Франциско на Велики Четврток служеше миса во капелата на еден од најдобро чуваните затвори во Италија. Тој им ги изми нозете на 12 затвореници, еден Аргентинец, еден Албанец и десетмина Италијанци, од кои двајца се тешки престапници. Во затворот се сместени 70 затвореници, главно поранешни мафијаши, кои се откажале од криминалната организација и соработуваат со правосудството.
Исус им ги миел нозете на своите апостоли пред последната вечера, за да им покаже дека ги сака до крај, им порачал папата притоа на затворениците, исто како што и тој ги сака своите верници. „Сите ние правиме или сме направиле грешки“, изјави папата претходно во интервју за италијанскиот весник „Република“, истакнувајќи дека ни затворениците не заслужуваат да бидат отфрлени и сметани само за лица кои згрешиле. „Често се заборава дека сите ние сме грешници и затвореници, без да сне свесни за тоа. Оној кој е затворен во своите предрасуди, не прави во суштина ништо друго, освен што се затвора во теснотијата на келијата на индивидуализмот“, изјави папата.